Кои ѕвезди не ги интересира бракот?

Камерон Дијаз смета дека луѓето не треба да живеат во заедница втемелена на стари обичаи, а Хју Грант, иако има три деца, сè уште не ја запознал жената поради со која би сакал да се скраси.

Светот на шоубизнисот е полн со познати личности кои постојано влегуваат во нови бракови, но овие ѕвезди одлучија дека повеќе им лежи слободата. Погледнете кои сè славни личности не веруваат во бракот.

Џерард Батлер

Згодниот Џерард Батлер на листата на поранешни девојки ги има Камерон Дијаз и Џенифер Анистон, но се чини дека за сега сè уште му е попривлечна чашката во добро друштво отколку брачниот живот.

- Се уште не сум ја запознал својата принцеза, изјави актерот за Daily Mail.

Опра Винфри

Славната ТВ водителка Опра Винфри веќе 28 години е во врска со Стедман Грејмон, но парот не планира да се венча. Со години се шушка дека Стедман е само параван за Опра која всушност е лезбејка, но тој трач никогаш не е потврден.

- Сакам да ти направам оброк кога сакам да ти направам. Не сакам тоа да ми биде моја обврска, објасни Опра во едно интервју.

Камерон Дијаз

Долгоногата убавица Камерон Дијаз со прекрасната насмевка имала полно долгогодишни врски, но никогаш не застана пред олтар.

- Мислам дека не би смееле да ги поминуваме животите во врски базирани на старите обичаи кои повеќе не се совпаѓаат во овој свет, изјави актерката за еден магазин.

Леонардо ДиКаприо



Славниот убавец Леонардо ДиКаприо е слаб на долгоногите девојки со долга руса коса кои не би смееле да бидат постари од 25 години. Тој се има забавувано со едни од најубавите жени на светот (Жизел Бундшен, Блејк Лајви, Бар Рафаели), но дури ниту тие не успеаја да го наговорат да се ожени.

Ева Мендез

Жешката латино убавица Ева Мендез бракот го смета за „старински“, а изјави и дека никогаш не сака да има деца. Сепак, сега таа очекува бебе со Рајан Гослинг, а за венчавка се уште нема ништо.

Хју Грант



Шармантниот британски актер Хју Грант веќе има три деца, но се уште ја нема запознаено жената поради која би сакал да се скраси. Најдолгата врска му била со убавата Елизабет Харли (биле заедно 13 години), а раскинале кога Хју ја изневерил со транвестит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби