Голи се, а всушност не се: Какви финти прават актерките?

Во денешно време на нови технологии, трикови со камерата и специјалните ефекти, сè може да се прикаже.

Има и такви кои со задоволство би се соблекле за потребите на филмот, но има и други за кои само мислиме дека сме ги виделе голи, а всушност, тоа биле нивните дублерки.

На пример, Кејт Холмс, Ен Хатавеј, Рис Витерспун, Хали Бери, Кејт Винслет спаѓаат меѓу оние храбрите, кои не се срамат да го покажат своето голо тело на големото платно. Другите актерки користат дублерки или компјутерски направени снимки.

Кира Најтли – Domino

За филмот Domino, Кира се одлучи за дублерка која се појавува во сцените со голотија, поради тоа што таа не е баш најзадоволна со своето тело. Тогаш нејзината дублерка ја одигра прославената сцена на танц во скутот.

- Тоа не бев јас. И тоа како сакам да имам такво тело, но немам, рече таа.

Интересно е што Кира се појави целосно гола во сцената со Адријан Броди во филмот „The Jacket“ истата година.

Мила Кунис – Friends with benefits

Во филмот во кој таа игра заедно со Џастин Тимберлејк, Мила се гледа како гола одзади приоѓа во креветот во кој тој ја чека.

Тоа всушност не е она, туку нејзината дублерка.

Гвинет Палтроу – Shallow Hall

Иако славната актерка во филмот „Flash and Bone“ од 1993-та се соблече, одби да го направи тоа за филмот Shallow Hall од 2001-та. Всушност таа одлука за тоа ја донел продукцискиот тим, затоа што им била потребна малку покрупна женска фигура, а Гвинет им била премногу „тенка“.

На постерите за филмот во Photoshop на актерката и се зголемени градите и задникот.

Вера Фармига – Up in the Air

За страсната сцена помеѓу Вера и Џорџ Клуни исто така е користена двојничка, бидејќи актерката непосредно пред снимањето на филмот се породила и сметала дека не е пригодно да се соблекува гола пред камери.

- Мислам дека не би било убава слика да ми се гледа како ми тече млеко, изјави Вера, која се соблекла во неколку филмови.

Брук Шилдс – Blue Lagoon

Во славната сцена кај водопадите, не сме ја виделе Брук Шилд туку нејзината двојничка и тоа од очигледна причина, актерката тогаш имала 14 години.

Во тоа време било сосема необично да се разголи 14 годишна девојка.

Линдзи Лохан и Џесика Алба – Machete

Вие само мислите дека сте ги виделе убавите гради на Линдзи Лохан и голата Џесика Алба. Линдзи во една сцена градите ги покрила со коса, а во сцената со кадата не се појавува таа, туку нејзината дублерка.

Џесика откри дека во голата сцена всушност носи долна облека и градник.

Оваа актерка јасно и гласно неколку пати изјави дека цврсто стои против соблекувањето пред камерите и си останува на својот став.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби