Нешта кои можеби не сте ги знаеле за Робин Вилијамс

Оскаровецот, актер и комичар Робин Вилијамс почина оваа недела на возраст од 63 години во својот дом во С. Калифорнија.

Според обдукцијата која беше извршена, причина за смртта е самоубиство со бесење но, не е познато дали оставил проштално писмо или  друг вид на порака до најблиските. И покрај изненадната смрт за неговите фанови, семејството и пријателите Робин зад себе ја остави сопругата Сузан Шнајдер и трите деца од претходните два брака.

Оваа легенда на Холивуд зад себе остави и безброј незаборавни улоги, маестрални филмови кои му донесоа десетици награди меѓу кои и престижната награда Оскар.

Но, сепак тој зад себе остави и незаборавни лични дела и достигнувања кои вечно ќе се паметат од сите кои го почитуваа како актер, човек, сопруг и татко.

Се запозна со актерот Кристофер Рив за време на студирањето на Џулијард и останаа пријатели се до неговата смрт во 2004-та година. Рив дури беше кум на неговиот прв син, Зек.

Една недела по ужасната несреќа која го остави Кристофер Рив парализиран од главата надолу, Робин го посетил пријателот во болницата облечен како докторот од филмот Nine Months (во кој Робин глумеше) и успеал дури да го насмее пријателот. Кристофер изјави дека тоа бил првиот пат да се насмее по несреќата.





Ја замени Мери Кеј Бергман, на настапот на оскарите во 2000-та година. Бергман требаше да ја испее песната Blame Canada, од филмот South Park- Bigger, Longer and Uncut, но таа како и самиот Робин изврши самоубиство неколку месеци пред церемонијата на Оскарите.



Си ја крсти ќерката Зелда, по главната хероина, принцезата Зелда во популарната видео игра The Legend of Zelda



Тој и Роберт де Ниро биле последните кои го виделе легендарниот актер и комичар Џон Белуши жив, само неколку часа пред смртта во Лос Анџелес.




Еден од ретките актери кои портретирале фиктивен претседател на САД во Man Of The Year но и вистински претседатели како, Двајт Ејзенхауер во The Butler и Теодор Роузвелт во Night At The Museum.

Учествуваше во вистинска сесија со психијатар (Памела Коноли) во која тој зборуваше за сите проблеми, фобии и стравови од најраното детство па се до староста.



Стивен Спилберг за време на снимањето нa Shindler’s List бил толку депресивен од самата природа на филмот, атмосферата и од стресот на сетот, што за да се насмее барем малку во текот на денот, ќе му се јавел на Робин Вилијамс и ќе го замолел дневно да му кажува шеги по телефон. Спилберг ги викал тие шеги „комични пакетчиња за нега“ по телефон.



Пред 30 години беше дел од ТВ репортажа наречена „Ѕвездите и нивните мајки“ во кој имаше мало интервју-репортажа со неговата вистинска мајка Лори Вилијамс.

Беше „маржоретка“ на Денвер Бронкос во НФЛ лигата -се разбира тоа беше дел од скеч на неговиот лик Морк во серијата Mork and Mindy во1979-та година 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби