Кој е вистинскиот виновник за самоубиството на Робин Вилијамс?

Робин Вилијамс не планирал да се самоубие... всушност, неколку часа пред да се обеси тој правел планови за неговите следни проекти.

Човек близок до Робин разговарал со актерот ден пред неговото тело да биде пронајдено, за TMZ вели дека тие двајца имале прилично долга дискусија за неколку планови и договори и според него Вилијамс бил целосно ангажиран во разговорот.

Изворот вели дека Робин имал многу прашања за проектите, што е спротивно од некој кој планира да се убие.

Човекот близок до актерот вели дека немало ништо несекојдневно во нивната конверзација.

- Тој беше понесреќен отколку што го знам, но тоа не беше нешто невообичаено. Комичарите, како и Робин „живеат во темно место“, вели изворот.

Американските медиуми исто така велат дека ниту неговата жена, ниту личниот асистент, имале идеја дека Робин планира самоубиство.

Извори блиски до семејството велат дека се било брзо и тој најверојатно не размислувал многу долго пред да се обеси.



Инаку, познатиот комичар, Роб Шнајдер денеска во интервју ги обвини апчињата против Паркинсовата болест за самоубиствените намери на Робин. Шнајдер (50) кој беше долгогодишен пријател на Вилијамс вели дека токму лековите имал најголема улога за смртта на неговиот пријател.

- Сега можеме да зборуваме за тоа. #RobinWilliams беше на терапија за симптомите на Паркинсоновата болест. Една од нус-појавите е самоубиството, напиша актерот на Twitter.

- Злобната фармацевтска индустрија „признава“ дека повеќе од 100.000 луѓе во САД умираат годишно поради „препишаните“ лекови!!! #RobinWilliams, напиша во друг твит Шнајдер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби