Не му завидувам на Сулејман! Си ја сакам само мојата Шехерезад

Турскиот актер, Халит Ергенч, кој кај домашната публика се прослави со сериите „Илјада и една ноќ“ и „Величествениот“ откри дека целата негова љубов е резервирана само за сопругата Бергузар Корел.

Запрашан дали му завидува на големиот владетел Сулејман за огромниот број на жени кои ги имал во текот на својот живот, Халит категорично одговори дека тоа воопшто не е негов стил.

-Не! Ни случајно! Јас ја сакам само мојата Бергузар. Таа е една и единствена.

За време на своето гостување во Босна, актерот откри и дека им се восхитува на балканските народи, особено на Србите и Босанците, што и покрај сите непријатни нешта кои им се случиле сè уште изнаоѓаат начин да се почитуваат едни со други.

-Се прашувам како овие прекрасни луѓе имале страшни проблеми пред 20 години. Јас не гледам никаков проблем во тоа што живеете заедно. Не верувам дека се спорни меѓучовечките односи туку дека сите проблеми настануваат поради политичките моќници и нивните интереси. Низ историјата се случиле многу лоши нешта, но ако луѓето седнат и разговараат, нема проблеми кои не можат да се решат. Јас така гледам на нештата и им се восхитувам на луѓето од Балканот. И покрај сето тоа што сте го преживеале и понатаму цврсто стоите на нозе. Не сте ја загубиле вербата во луѓето, насмеани сте, полни со живот и насочени кон иднината, додава Ергенч.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби