Миленичката на мажите ги навреди токму нив: Сите се свињи?!

Британскиот супермодел Кели Брук откри кој и зошто од нејзините дечковци се нашол на црната листа...

Кели Брук немала убави зборови за своите поранешни момчиња – актерите Били Зејн и Џејсон Стејтам, како и за спортистот Дени Кипријани, а сите мажи ги нарекла свињи.

Неодамна оваа убавица ја шокираше јавноста откако изјави дека своите две поранешни момчиња би ги удрила со бокс во лицето, а со новите изјави само долеа масло на огнот.

Кели за Били Зејн рече дека живее во светот на бајките и дека од неа очекувал таа да изгледа како девојка од некој Џејмс Бонд филм од седумдесеттите или пак, како домаќинка од 50-те.

Кога ја раскинала врската со Кипријани, ја побарал Џејсон Стејтам и изјавил дека уште ја сака, а Брук му одговорила дека и таа ги има сличните чувства. Како што вели, следниот ден дознала дека Џејсон тој ден раскинал со својата девојка и тоа била причината за неговиот повик.

- Мажите се такви свињи, заклучила Кејт видно изнервирана од неговото однесување.

Инаку, прекрасната девојка позираше за насловната страница за еден магазин. Моќниот наслов „Потрошив  премногу време со глупи мажи“ го појасни и на друштвените мрежи.

Овој наслов ме прави тажна. Не сум огорчена, туку ми е жал што вложив премногу труд во погрешни работи. Времето никогаш нема да можам да го вратам. Мојот живот стана подобар откако се фокусирав на себе и на својата кариера, како и на луѓето кои никогаш нема да ме изневерат. Ова ги советувам сите жени, напиша таа на Instagram.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби