Каде се денес и како изгледаат ѕвездите од серијата „Беверли Хилс“?

Оние кои израснаа во деведесеттите веројатно ја гледале култната тинејџерска серија „Беверли Хилс“, која го прикажуваше животот на младите и богатите средношколци со посебен нагласок на Брендон и Бренда Волш, кои на почетокот се обидуваа да се снајдат во новата средина.

Тогашните тинејџери брза да седнат пред телевизорот и да ја фатат секоја епизода од серијата и да уживаат во секојдневието на Дона, Дејдив, Андреа, Стив, Кели, Брендон, Бренда и Дилан. А ако се прашувавте каде се и што прават овие, некогаш големи ѕвезди, тогаш продолжете да го читате текстот.



Од оваа оригинала осморка, серијата која траеше 10 сезони направи инстант ѕвезди. Денеска, децении покасно малку кој од нив го задржал тој статус, а неодамнешното приклучување на Лук Пери во актерката екипа на CSI: Cyber, некои веднаш се запрашаа што прават и останатите. Да започнеме по ред:

Шенон Доерти (Бренда Волш)



Турбулентниот однос на бунтовната сестра близначка на Брендон, Бренда Волш и проблематичниот Дулан е она за кое што многумина тинејџери во времето на прикажување зборуваа. Меѓутоа, иако таа беше една од централните ликови, Шенон серијата ја напушти по четири сезона, а причина за тоа наводно била нејзината непрофесионалност.

По заминувањето од серијата таа немала некои впечатливи улоги, а она по што многумина ја паметат е сликањето за Playboy во 2003-та, појавувањето во помали улоги, а фановите на Кевин Смит, веројатно ќе се сетат на нејзианта улога во „Jay and Silent Bob Strike Back“. Таа забележа успех со серијата Charmed, која исто по неколку сезони ја напушти.



Шенон има два брака зад себа, првиот со Ешли Хамилтон, кој траел шест месеци, а другиот со Рик Соломон, кој на широката публика и е познат по секс снимката со Парис Хилтон. Таа годинава наполни 43 години, а најчесто се појавува во телевизиски филмови и серии.

Џејсон Присли (Брендон Волш)

Добар и секогаш праведниот Брендон Волш имаше фанови колку што имаше и „хејтери“ на кои им одеше на нерви. Но, во серијата беше омилен па така на него око фрлија и Кели и Андреа.

Иако по „ Беверли Хилс “ немаше некои забележителни улоги, Џејсон се појавуваше во многу серии, а во моментов глуми во канадската хумористична серија „Call Me Fitz“, која е во четвртата сезона на прикажување.


Тој во 2002-та доживеа тешка сообраќајна несреќа во која ја повреди карлицата, но брзо се опорави. Овој 45-годишен актер има сопруга, син и ќерка, а неодамна ја објави и автобиографијата „Jason Priestley: A Memoir“. Присли неодамна призна дека за време на снимањето на серијата се забавувал со Шенон Доетри.

Лук Пери (Дилан МекКеј)

Иако во текот на емитувањето на серијата тој беше затрескан во Бренда, сепак сценаристите на крајот го споија со Кели. Во секој случај, Дилан беше најпроблематичниот лик во серијата, се бореше со алкохолизам и бројни други пороци.

Кариерата по „Beverly Hills“ не му беше посебно успешна, се појави во некои филмови кои имаа слаб комерцијален успех и уште послаб уметнички впечаток, освен сцената во „Петтиот Елемент“ која траеше само неколку секунди. Пери наместо на филмовите, се концентрираше на сериите и гостуваше неколку пати во „Вил и Грејс“, „Ред и Закон.

Пери има 45 години, разведен е, има син и ќерка, а американските медиуми пред две години пренесоа дека тој и неговата девојка од серијата Кели започнале врска. Лук ќе игра и во една епизода од новата серија: „CSI Cyber“.

Џини Гарт (Кели Тејлор)



Убавата и размазена богаташка Кели, беше една од омилените ликови па се појави во сите 10 сезони од серијата. Таа беше најдобрата другарка на Дона оптоварена со семејни и љубовни проблеми. Кариерата ја продолжи на телевизија, снимајќи серии и емисии, а денес Џини снима реално шоу во кое сама реконструира руинирани куќи во кои ќе живее со своите три деца.

Таа има 42 години, два браќа зад себе и три деца, а минатата година нејзината изјава со која му се закани на поранешниот маж дека ќе напише автобиографија само за да може да ги објави сите негови изневерувања одекна во медиумите и јавноста.



Помеѓу другото, тука е и ситкомот „Mystery Girls“ во кој таа глуми со Тори Спелинг, а доста шеги има на нивната поранешна соработка.

Тори Спелинг (Дона Мартин)



Тори беше „онаа глупавата“, но во серијата се задржа најмногу. Во прв ред поради својот татко, Арон Спелинг, кој беше еден од главните продуценти на серијата. Нејзините улоги по „Беверли Хилс“ ретко кој ги помни освен појавувањето во „Scary Movie 2“, а нејзиното реално шоу „True Tori“ и понатаму е омилена тема на таблоидите.

Нејзината книга „True Tori“ и понатаму е омилена тема на таблоидите. Нејзината книга „Story Telling“ беше на врвот на листата на бестселери во САД.

По смртта на татко си таа наследи дел од неговиот имот вреден околу 500 милиони долари, но и покрај тоа често се пишува за нејзините финансиски проблеми. Сега на ABC со Џени (Кели) ја имаат ТВ комедијата Mystery Girls.

Брајан Остин Грин (Дејвид Силвер)

Во серијата се задржа кратко, се на се три сезони, но најмладиот член на поставата остана во сеќавањето на многу гледачи. Неговиот лик инаку беше заљубен во Дона.

По „Беверли Хилс“ тој се појави во многу серии, а некои го знаат како спореден лик во ситкомот на Чарли Шин „Anger Managment“. Глумеше во „Терминатор“, „Смолвил“, „Очајни Домаќинки“, а оние кои го следат знаат дека е и маж на актерката Меган Фокс.



Она што многумина не знаат е тоа дека тој имал рап кариера, a како што можете да слушнете, не бил лош.

Ајн Зиеринг (Стив Сандерс)

Ајн во „Беверли Хилс“ се задржал сите десет сезони. Го играше шармантниот и малку проблематичниот Стив Сандерс.

По серијата кариерата ја продолжи во филмовите, а најсериозниот комерцијален успех го доживеа со филмот „Шаркнадо“, снимајќи дури две продолженија од овој филм.

Ајн има 50 години, оженет е со медицинската сестра Ерин Лудвих и парот има две деца. Овој 50-годишен актер неодамна заврши во медиумите откако одлучи да се соблече и да настапи како стриптизер.

Габриела Картерис (Андреа Зукерман)

Ако Дона беше „таа глупавата“, Андра секако беше „таа која на сите им оди на нерви“. Таа во серијата ја играше најдобрата пријателка на Брендон кон кого имаше и чувства. Во четвртата сезона Андреа останува трудна и се зема за дечко кој не го ни познава. Габриела по завршувањето на серијата се појави во многу други ТВ проекти, но најчесто во епизодни улоги.

Магазинот People во 2008-та пиша дека се разболела за време на снимањето на еден филм во Ванкувер и дека лицето и останало парализирано, како и дека го изгубила говорот на шест месеци. Потоа таа на кратко се повлече од јавниот живот, а мината година, оваа 53-годишна актерка се појави во серијата „Longmire“ и „The Middle“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби