Чарлс и Дајана: Од љубов до заговор за одмазда

Поминаа седумнаесет години од смртта на принцезата Дајана, а британската јавност допрва ги дознава деталите за бракот на принцот Чарлс и добро смислената одмазда на неговата сопруга.

По новинарката Пени Јунор, која објави книга посветена на принцот Хари и разоткри нова страна на починатата принцеза, проговори и Дики Арбитер, главниот човек за односи со јавност, кој 12 години добро ги чуваше тајните на кралското семејство.

Арбитер откри дека и покрај верувањата дека не биле вљубени еден во друг, помеѓу Дајана и Чарлс навистина постоела љубов, која за жал не завршила најдобро поради тоа што биле премногу различни за да можат да се прилагодат еден на друг. Повредена од неверството со Камила Паркер, Дајана го сковала својот совршен план за одмазда, во кој пред јавноста ќе се престави како жртва која е оставена на милост и немилост на кралското семејство.

Принцезата знаела за објавувањето на книгата на Ендрју Мортон во која се откриваат детали за нивниот брак бидејќи цело време тајно соработувала со него.

-Принцезата успеа брилијантно да го сокрие фактот дека соработуваше со Мортон. Таа ја криеше информацијата дури и од оние кои беа подготвени да застанат на нејзина страна, како нејзиниот шура, Сер Роберт Фелоус, кој во тоа време беше приватен секретар на кралицата, објаснува Арбитер.

Тимот за односи со јавноста кој бил задолжен да се справува со прашањата од новинарите и да ги скрие брачните проблеми на Чарлс и Дајана, честопати се соочувал со низа проблеми поради непријателството помеѓу сопружниците.

-Принцот и принцезата беа олицетворение на нерасположеност, таа изгледаше исцрпено и бледо, а тој ригиден и мрачен. Нивниот говор на телото беше толку непријателски што изгледаше дека се убиваат со поглед.

Сакајќи да му нанесе уште поголем удар на принцот, Дајана тајно го договорила и фамозното телевизиско интервју кое се емитуваше на 20 ноември 1995-та година, кога отворено зборуваше за врската со Чарлс, неговото неверство, но и за нејзините љубовни авантури и проблеми со депресијата, претставувајќи се себе си како единствена жртва во бракот.

-Личниот асистент на Дајана, Геоф Крафорд и Патрик Џефсон си дадоа отказ еден по друг. И двајцата наведоа дека се откажуваат од работата поради недостаток на доверба, велејќи дека ако Дајана не им се доверила за она што планирала да го направи, нема резон повеќе да се работи за неа, раскажува Арбитер.

Според него љубовта на Чарлс и Дајана, преминала во вистински дуел кој се одиграл пред очите на јавност и му нанел сериозна штета на кралското семејство, но и на самата принцеза, која на крајот признала дека се кае за своите постапки.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби