Расната убавица, Кели Брук, конечно си најде маж кој освен тоа што и ги исполнува желбите изгледа како карпа, па тешко дека физички ќе го малтретира како претходните партнери.
Кели и Дејвид Мекинтош се забележани во серија интимни пози додека уживаат на својот одмор на Миконос, Грција.
Шест години помладиот Мекинтош не може да ги тргне рацете од бујната Брук, па го користи секој можен момент за да се милува со неа.
Тој е последниот од низата мажи, кои се обидоа да го скротат британскиот модел, познат по своите облини, но и незгоден темперамент.