Раскинавме! И така не беше вистински маж!

Токму кога помисливме дека темпераментната Кели Брук нашла момче кое ќе може да се справи со нејзините каприциозни барања, пукна тиквата помеѓу неа и љубовникот Дејвид Мекинтош.

Минатата недела се гушкаа и се љубеа на плажите во Миконос, а денес повеќе не се заедно поради наводното неверство на Мекинтош со поранешна девојка, Сара Харпер. Тој негираше гласините дека ја изневерил Брук со Харпер, и понатаму тврди дека таа му е една и единствена љубов, но британскиот модел не попушта и веќе објави дека раскинале.

-Апсолутно сум скршен што лагите на Сара ми ја раскинаа свршувачката со Кели, но уште повеќе ме вознемири тоа што жената која мислев дека ме сака и која беше мојот живот, не застана покрај мене. На чуден начин, има позитивна страна на сето ова, барем сега можам да здивнам на мира, напиша Мекинтош во својата изјава до јавноста.

Од друга страна Кели Брук веќе го прежали. Откако се обидуваше сите да ги убеди во тоа дека е скршена по раскинувањето, сврти нова страна, па сега изјавува дека „Дејвид е безмилосен и злобен. Не го сакам веќе некое време. Многу бара и е несигурен човек кој никогаш нема да научи како се третира жена“.

Со оглед на тоа колку мажи досега поминаа низ животот на Кели и никој никогаш не беше доволно добар, очигледно нејзините критериуми се навистина посебни. Два дена по раскинувањето, убавицата блеска и се смее како ништо да не се случило и повторно е во потрага по вистинскиот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби