Тајните кои ги крие семејството Кардашијан

Семејството Кардашијан достигна светска популарност со своето реално шоу. Но, постојат неколку работи кои не сте ги знаеле за нив. Можеби мислевте дека се е онака како што е прикажано на малите екрани?

Епа животот не е реално шоу. Како и секое семејство и Кардашијан се обидуваа јавноста да не разбере или пак да заборави неколку работи кои се случиле.

Прв пат биле во центарот на медиумите кога Роберт Кардашијан на суд го бранел О’Џеј Симпсон



Роберт Кардашијан бил еден од адвокатите на О’Џеј Симпсон, кој го бранеле за големо убиство. Тогаш целото семејство било за прв, но не и последен пат на мета на новинарите. Се претпоставува дека Крис имала афера со О’Џеј Симпсон. Роберт починал од рак во 2003 година, на 59 годишна возраст.

Порно снимката на Ким им донесе огромна популарност

Во февруари 2007 година, братот на пејачката Бренди, Реј Џи ја пушти во етер снимката каде што тој и Ким имаат секс во 2003 година. Снимката ја објавиле „Vivid“, а подоцна Ким ја тужела продукцијата на оваа куќа. Сепак, се откажала од тужбата и се договорила со судот да добие оштета од 5 милиони долари. Оттогаш кружи гласината дека мајка и на Ким, Крис, го организирала ова за семејството да стане популарно.

Ким и Парис Хилтон биле најдобри другарки



Парис во една прилика изјавила дека таа ја „направила“ човек и затоа Ким и семејството Кардашијан и  се должи. Можеби е така, а можеби и не, сепак никогаш не е објавено зошто овие две некогаш најдобри другарки престанале да се дружат.

Семејството Кардашијан се Ерменци

По таткова страна, Кардашијан се Ерменци, бидејќи и двајцата родители на Роберт се родени таму, иако Роберт е роден во Лос Анџелес. Постојат уште многу Ерменци во шоу бизнисот, како што е Шер, но нема попознати од Кардашијан.

Ким била три пати во брак



Многумина заборавија дека ѕвездата на реалното шоу прво била мажена за музичкиот продуцент Дејмон Томас, кога имала 19 години. По 4 години брак, во 2004 година тие се развеле. Потоа во август 2011 година стапи во брак со Крис Хамфри, со кого издржа само 72 дена. Оваа година во мај кажа уште едно „Да“ со раперот Канје Вест со кого ја добија ќерката Норт.

„Keeping Up With The Kardashians“ не им е прво шоу

Пред познатите Кардашијанс имало илјадници реални шоуа, но пред тоа Ким заедно со Парис учествувала во реалното шоу „Simple Life“, а Кортни учествувала во „Filthy Rich Cattle Drive“ на E! каналот.

Клои ја мрази последната жена на нејзиниот покоен татко



Сите сестри не ја сакаат последната жена на Роберт, таткото на сестрите и на Роб. Елен се венчала со него пред неговата смрт. Сепак, Елен нашла некои стари дневници кои ги пишувал Роберт, па за магазинот „In Touch“ кажала многу лоши работи за Крис. По тоа интервју, Клои јавно на Twitter пишувала лоши работи за Елен.

Крис Џенер е основач на црква

Кој би рекол дека Крис, вечната млада девојка која секогаш е подготвена да се забавува, би основала црква? Таа и отецот Бред Џонсон заедно ја основале црквата „California Community Chirch“, за која Ким редовно донира пари.

Нивната куќа е лажна



Куќата која е прикажана во реалното шоу не е истата со таа што ја користат секојдневно. Знаевме дека постои глума во шоуто, но не ни претпоставувавме дека ќе направат и куќа за потребите на продукцијата. Сепак, куќите на Клои и Кортни не се лажни, барем не во внатрешниот дел.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби