Најубавите русокоси на сите времиња

Секс иконата Мерлин Монро веќе со децении убедливо го зазема првото место на листите на најубави русокоси на сите времиња. Оваа фатална заводничка со својот неодолив изглед и шарм, како на филмското платно, така и надвор од него, им го помрачи патот на речиси сите дами со златна нијанса на косата, кои после неа зачекориле во светот на познатите.

Монро, секако не е единствената вртоглаво убава русокоса. Погледнете кои се останатите кои и’ прават друштво на оваа листа.

Кејт Денев

Врвната француска актерка, која денес има 70 години, во својата кариера има импозантни 114 филмски улоги. Но големата популарност најмногу се должи на нејзината убавина, со која со децении ги освојува гледачите од сите континенти.

Грејс Кели

Принцезата од Монако, родена во Филаделфија во 1929 година. е симбол за вродена елеганција и шарм. Покрај својата женственост и лебедова убавина, Грејс Кели може да се пофали и успешната професија како актерка, со која достигна неверојатна слава и популарност.

Брижит Бардо

Сексапилната дива од 50-тите и 60-тите години, дефинитивно заслужува место на оваа листа. Француската икона Брижит Бардо, која денес има 80 години, сè уште претстаува инспирација за денешните трендсетерки.

Мерлин Монро

За неа воздивнувале мажите насекаде низ светот, станала икона, а нејзиниот лик и денес се користи како синоним за сексапил. Мерлин Монро цел живот го привлекувала вниманието со својот изглед и однесување, фатална комбинација која на мажите делува како опиум. Нејзиниот статус како секс симбол остана фиксиран во времето, дури и сега, 52 години по нејзината смрт.

Мадона

Контроверзната кралица на поп-музиката и на 56-годишна возраст успева да го задржи имиџот на модна икона. Во својата професија таа постојано ги турка и проширува општоприфатените граници, што ја прави едноставно најдобра. Нејзиниот љубовен живот и ден денес го исполнуваат млади и згодни момци.

Шерон Стоун

Заводничката од Основен инстинкт е дефиниција за „femme fatale“. Убиствениот сексапил на Шерон Стоун ја прави оваа 56-годишна актерка меѓу најпосакуваните жени на сите времиња.

Шарлиз Терон

Благодарение на нејзината убавина. шармантната и моќна Оскаровка веќе 10 години е заштитно лице на престижниот Диор. Со неодамна наполнети 39-години, таа вели дека не и’ е јасно како тоа целиот концепт за женската убавина се врти околу 20-годишни девојки.

Хајди Клум

Клум е една од најуспешните супер модели на сите времиња. Според приходите кои и’ ги носи нејзината убавина, оваа Германката се вбројува меѓу топ пет моделите во светот, со заработка од 45 милиони фунти.

Скарлет Јохансон

Можеби повеќето жени ја негираат нејзината убавина, но на мажите едноставно им се пресекуваат нозете кога пред нив ќе се појави сексапилната Скарлет, макар и на малите екрени. 30-годишната актерка е муза на Вуди Ален и е заштитно лице на многу престижни модни куќи, како Dolce & Gabbana.

Клаудија Шифер

Уште една германска манекенка зазема место на листата на најубавите русокоси. Иако поминаа две децении откако таа блескаше на модните писти, 44-годишната Шифер и денес зрачи со сексапил и гламур.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби