Ник Лоеб е далечно минато за колумбиската актерка Софија Вергара. До пред само неколку месеци беа во врска која ветуваше брак, а сега Вергара воопшто не му мава рецка.
Софија и Ник имаа помалку чудна средба на црвениот тепих за време на Angel Ball, во Њујорк.
Додека таа даваше интервју, тој ја прекина со цел да се поздрави. Но, наместо да го отпоздрави Вергара само си ја сврте главата на друга страна и со насмевка продолжи со интервјуто.
Парот раскина уште во мај, по што Софија започна врска со мускулестиот Џо Манганиело.