Бил Козби е чудовиште - ме дрогираше и силуваше!

Тешки обвинувања пристигнаа на сметка на актерот кој светската слава ја стекна како одличје на добротата и семејниот живот во популарната серија „The Bill Cosbi Show“.

Американскиот комичар Ханибал Бурс неодамна го прогласи својот колега,  Бил Козби за „сериски силувач“.

Тешките обвинувања ги потврди и Барбара Боуман во шокантна исповед. Некогашната актерка и модел тврди дека Козби долго време сексуално ја искористувал како малолетничка и опишува низ каков пекол поминала во друштво со познатиот комичар.

- Ме дрогираше и ме силуваше, тврди Бауман. Тој е чудовиште! Се надевам дека поучени од моето искуство, останатите кои доживеале сексуално злоставување нема да дозволат познатите, богатите и моќните да ги заплашат. Ако успеам да помогнам на една жртва, тогаш јас сум ја завршила мојата работа.

Неа ја израснала мајка и, а со 13 години потпишала договор со првата агенција. Шанса во кариерата добила во 1985-та година кога Бил Козби изразил желба за приватна аудиција со Барбара која тогаш имала 17 години.

- Ме повика агентот и ми кажа дека господин Козби бара млади таленти и дека имам шанса да ме земе под негова заштита. Бев пресреќна и сакав да му удоволам. Тоа беше мојата голема шанса. Тој застана зад мене и започна да ме масира по вратот и рамениците. Не ме допираше никаде на друго место, но тој ден се започна, се потсетува Барбара.

Кралски третман

- Ме водеше во познатиот зимски центар lake Taho. Ми набавуваше карти за претстави на Бродвеј. Ме земаше на голф турнири за славни и ми говореше како сето тоа е дел од процесот на менторство и учење. Сакаше да види како ќе се однесувам во друштво на познати личности. Имав кралски третман. Летав секаде каде патуваше и тој, а на аеродром ме дочекуваше еден од неговите телохранители кој водеше грижа за мене додека Бил не беше слободен. Секогаш ме дочекуваа и никогаш немав шанса да бидам сама, се присетува таа.

Сите тие приватни часови обука со Козби се сведуваа на неговото уверување дека Барбара треба да му верува дека тој е нејзината животна потреба.

- Постојано повторуваше дека можам да му верувам како тој да ми е татко, вели таа.

Денес, Барбара смета дека сето тоа било дел од пеколниот план на Козби. Тој се здобил со доверба кај нејзината мајка која исто така ја честел со поклони и ја уверувал дека доброто на Барбара му е на прво место.

- Кога ме дрогираше и ме силуваше веќе бев скршена, со испран мозок и уверена дека не е во ред да се противам на неговите сексуални напади, раскажува Барбара.

Сепак таа се спротивставувала една година, се до 1986-та и инцидентот во Рено, во Невада.

- Го изгасна светлото во хотелската соба. Ме легна на каучот и започна да ме допира по целото тело. Во еден момент ја стави мојата рака на својот пенис и ме натера да мастурбирам. Кога беше готов, истрчав од собата и повратив. Набрзо тој отиде чекор понатаму. Ме повика во станот во Њујорк на вечера. Послугата беше таму. Јадевме во кујната и испив една чаша вино со вечерата. Следното што се сеќавам е како ја гушкам вц-шолјата во тоалетот и повраќам. На себе имав само машка маица и гаќички. Маицата не беше моја. Бил стоеше покрај мене, ми ја подмести косата од моето лице додека повраќав и ми збореше како се ќе биде во ред. Кога дојдов при себе, сфатив дека во станот повеќе нема послуга, дека сум практично гола и дека не се сеќавам на последниот час. Искрено, не можам да кажам дака не се сеќавам на пенетрација, бидејќи често ме дрогираше. Која и дрога да ми ја даваше имаше за цел да ми го „затупи“ мозокот. Тоа беше како амнезија, како лоботомија. Не можев да размислувам ниту кога ќе се разбудев, бев потполно индиферентна.

Таа не и кажала на мајка си што се случува бидејќи била уверена дека дружењата со Козби и ја донеле кариерата и посакуваната слава. Истовремено, комичарот и нашол стан на Менхетн и започнал да и плаќа часови по глума.

- Навистина, Бил беше мој добротвор. Договорот беше таков што јас ќе започнам да му ги враќам парите кога ќе започнам да добивам актерска работа, открива таа.

Меѓутоа, од ангажмани не било ништо, а Козби започнал да се „лади“ за русокосата моделка. Прво тој Барбара ја преселил во друг стан, далеку на периферијата на Њујорк, а на крај таа стигнала и до Атлантик Сити. По расправијата во хотелската соба, Барбара тврди дека Козби сакал да ја силува, но дека не успеал бидејќи таа врескала и се борела.

Нов почеток

Козби прекинал да и ја плаќа станарината и Барбара се вратила во Денвер кај мајка и. Заштедила нешто пари и се вратила во Њујорк да проба повторно. Овој пат успеала без никаква помош и во 80-те се појавила во повеќе од 30 реклами на националните телевизии и добила многу филмски и тв улоги. Прв пат се обидела да покрене тужба против Бил Козби во 1987-та, но адвокатот кога сакала да го ангажира ја исмеал и одбил да ја застапува.

- Никој не ми веруваше и никој не сакаше да ме ислуша. Мислеа дека сè измислувам поради пари. Никогаш не барав ниту цент, не е работата во парите.

Следната година друга девојка, Андреа Костанд го обвинила актерот за силување.

- И верував бидејќи нејзините детали беа прилично непријатно исти со моите. Знам дека ја говореше вистината и требаше некој само да и даде поддршка, објаснува Барбара зошто одлучила да и помогне на Андра и да сведочи против Козби.

Меѓутоа, на пат кон судницата Барбара дознала дека адвокатите на Бил склопиле вонсудски договор со Андреа која ја повлекла тужбата.

- Јас никогаш не земав пари за да ќутам. Не сакам пари туку сакам на светот да му откријам каков е Козби навистина, тој е „животно“, објаснува Барбара која денес е успешна уметничка и мајка на две деца.

- Тие искуства живеат во мене. Заземаа простор во мојот ум и го променија мојот пат на емоционален развој и способност да им верувам на моите инстинкти. Се создаде блок кој долго време не успеав да го разбијам. Блок за чие создавање е виновен исклучиво Бил Козби, ја завршува својата пријазна 47-годишната Барбара Боуман.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби