Бизарни ритуали на познатите ги излудуваат сите околу нив

Секој од нас има некои мали ритуали додека работи, можеби сака да гледа телевизија или пак да слуша музика. Познатите кои постојано менуваат сет и улоги имаат ритуали кои одат од духовити до потполно ненормални и откачени.

Николас Кејџ

Позната работа е дека кога Николас ќе се појави на сет, можат да се случат две работи. Тој или е мрзелив и досаден, мумлајќи го текстот потполно незаинтересирано, или може да се појави со „луда“ интензивна енергија која освојува. Да кажеме, еден од неговите ритуали е потполно со чуден глас да го чита својот текст, а екипата обично да „полуди“ од тоа, Очигледно, никој не може да предвиди што ќе се случи на снимање со Николас, но едно е сигурно – нема да биде досадно!

Кристијан Бејл

Кристијан Бејл многу сериозно си ја сфаќа својата работа, освен ритуалот дека губи и добива килограми за улога, тој е опседнат со снимањето на перфектни сцени. Нема да се смири додека сцената не биде онака како што тој замислил. Во тек на снимањето на Terminator: Salvation, директорот на фотографија го почувствува бесот на Бејл баш кога тој само малку го прекинал снимањето на интензивна сцена. Поука: Не мешајте му се во работата!

Џенифер Лопез

Нејзината работна рутина секогаш била малку бизарна, но по разводот од Марк Ентони таа стана целосно бизарна, имено на снимањето Џенифер не зборува со никој, освен со личниот асистент. Доколку сакате нешто да и кажете или пак да и порачате морате тоа да го направите преку нејзиниот асистент. Да се надеваме дека ова е привремена ситуација поради папараци, бидејќи никој не би сакал да работа токму со толкава „дива“.

Мајк Мајерс

Ако сте помислиле дека тој е смешен, пријателски настроен и супер лик, гадно сте погрешиле. Неговите колеги и екипата на сетот „не можат да го смислат“, Тој е т.н. прав „контрол фрик“ и ситници можат да го исфрлат од такт. Да кажеме, кога го снимале Austin Powers, едно момче добил отказ откако случајно го погледнал актерот директно во очи додека го вежбал текстот за улогата. Човече! Него во очи! Се надеваме дека ви е јасно каде да го држите вашиот поглед кога тој е во близнa...

Џенифер Анистон

Кај неа случајот не е едноставен, таа на снимањата се однесува како права дива и несака да снима доколку и екипата не ја гледа така. Освен што јаде сама, таа не се меша со „човечките битија“, Џенифер има и барања како дива, и додека не бидат исполнети таа не снима. Така скоро бараше додатни 50.000 долари дневно бидејќи и бил неопходен фризер кој ќе патува со неа. Секако, тоа навистина станувало збор за „живот или смрт“, зар не?

Роберт Патинсон

Да бидеме прецизни, ова не е само работна рутина, ова е секојдневна рутина на Роберт, која секој околу него ги доведува до лудило. Започнало како мал недостаток на хигиена, а во последно време екипата се жали дека воопшто не може да стои покрај него бидејќи смрди. Тој очигледно многу ретко се тушира и тоа ги доведува сите до лудило.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби