Четириесет и осумгодишниот супермодел, Синди Крафорд, која изгледа како воопшто да не старее, постираше фотографија на својот Instagram профил која веднаш стана популарна на интернет.
Доколку мислевте дека хуманитарните иницијативи од Ice Bucket Challenge-от завршија, тогаш се лажете, бидејќи можеби нема да гледаме видео од луѓе како се полеваат со ладна вода. Деновиве слична иницијатива за собирање пари повторно се шири по друштвените мрежи. Инаку за потсетување Ice Bucket Challenge-от собра повеќе од 100 милиони долари за порано скоро непознатата болест Amyotrophic Lateral Sclerosis.
Новата хуманитарна иницијатива се вика the Wake Up Call, кампања која служи за собирање на пари и поддршка за работата на Unicef за Сирија, а сите оние кои сакаат да учествуваат, освен тоа што донираат пари треба да направат селфи поспана фотографија од себеси наутро без тронка шминка.
Прекрасната Синди Крафорд се вклучи во оваа сега популарна иницијатива и направи убава фотографија од себеси во кревет, само неколку моменти откако се разбудила.
Синди со оваа фотографија докажува дека „виното е поубаво како што старее“!
Инаку во оваа селфи-манија до сега своја утринска фотографија на интернет закачија сексапилната Роси Хатингтон-Витни, убавата Наоми Кембел, Лиам Нисон и други селебрити фаци.