Директорот на Apple призна дека е геј!

Директорот на една од најпознатите и најмоќните компании во светот, „Apple“, Тим Кук, денеска ја изненади јавноста со своето признание откако по пат на писмо призна дека е геј и дека се гордее со тоа. Педесет и тригодишниот наследник на Стив Џобс во „Apple“ рече дека неговата сексуална ориентација е еден од „најголемите подароци кои Господ му ги дал“.

Тој додава дека со години бил отворен со многу луѓе за својата сексуалност, вклучувајќи ги и колегите кои сфатиле дека разликите на луѓето треба и мора да бидат прифатени.

- Со години отворено разговарав со луѓето за својата сексуална ориентација. Голем број од колегите во Apple знаат дека сум геј и тоа не го променило нивното однесување кон мене. Никогаш не сум ја негирал својата сексуалност, но не го имав ни објавено тоа јавно до сега. Да бидеме на чисто - горд сум што сум геј и мислам дека тоа е еден од најголемите дарови кои ми ги дал Бог", се вели во писмото на Кук, каде стои и: „Тоа што сум хомосексуалец ми даде подлабоко разбирање за тоа што значи да се биде малцинство и ми даде увид во предизвиците со кои се соочуваат луѓето од другите малцинства секој ден. Тоа ми разбуди повеќе сочувство и ми го збогати животот. Ми беше тешко и непријатно од време на време, но тоа ми влеа самодоверба да го следам својот пат и да се издигнам над се“.

Тим Кук истакнува дека ова откритие и јавно признание не е ни малку лесно за него, но дека тоа покажува дека „Apple“ е отворена компанија кон сите, без оглед на нивната сексуалност, раса или пол.

- Јас сум голем љубител на природата, на технологијата, сум голем спортски фанатик, инженер и уште многу тоа. Се надевам дека луѓето ќе ја почитуваат мојата желба да се фокусирам на работите во кои сум најдобар и во работата која ми носи радост. Јас сум тој истиот кој го гледавте вчера, завчера... Ништо не се променило, рече тој.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби