ВИДЕО: Македонската Џеј Ло ги излуде мажите со својот задник

Џеј Ло можеби е една и единствена, но Елена Ристеска ја изведе најдобрата имитацијата на латино дивата која што досега можевме да ја видиме во шоуто „Tvoje lice zvuci poznato“.

Тверкањето во ритамот на „Booty“ и го донесе првото место и награда од 1000 евра кои ќе бидат донирани во Домот за деца без родители „11 октомври“ Скопје.

- Ти си одлична од недела во недела и досега не сум ја искористил приликата да ти дадам 12 поени, затоа вечерва ќе го направам тоа, изјави Иван Ивановиќ.

Водителот воопшто не се воздржуваше во коментарите, па  во еден момент дури и безобразно се пошегува дека микрофонот на Ристеска завршил во нејзините гаќички. Судејќи по реакциите на машкиот пол кој се најде во студиото, секси настапот на нашата пејачка навистина беше пол погодок.

По гласањето на жирито Елена се најде на второто место од табелата, за потоа повторно да избие на врвот откако поголемиот дел од натпреварувачите решија да и ги доделат своите 5 поени.

Веднаш по настапот на Ристеска на FB можеа да се видат многу позитивни коментари. Се разбира тука беа и оние кои ја критикуваа дека нема доволно голем задник за да биде добра Џеј Ло, но нејзината победа е доволен доказ дека не се во право.

-Морам да признам дека воопшто не ја очекував победата. Се навикнав постојано да се трудам, а на крај да не добијам никакви поени. Не знам што да ви кажам, се трудам да дојдам до победа со пеење, а сега имаше толку малку пеење, што не можам да верувам дека победив со тверкање, изјави Елена непосредно по завршувањето на шоуто.

Следната недела Ристеска за прв пат ќе се најде во улога на маж. Имитацијата на Харис Џиновиќ ќе биде вистински предизвик за нашата пејачка која ќе треба целосно да го смени изгледот, но и својот глас за го долови познатиот Џиновиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби