Темпераментната Бразилка, Адријана Лима, не се шегува кога вели дека мошне сериозно си ја сфаќа својата бокс страст. Додека сите очекуваат ангелите на „Victoria’s Secret“ да бидат нежни и мирни девојки, Лима е вистински тврд орев.
Колешките и се восхитуваат, но никоја не се осмелува да влезе во рингот со неа бидејќи амбициозната убавица има прилично агресивен став.
Адријана често објавува фотографии од своите бокс сесии, но овој пат нè почести со кратко видео од тренингот. Овој ангел дефинитивно не се шегува.