Тој е и официјално најголемиот фраер на светот!

Магазинот People го прогласи австралискиот актер Крис Хемсфорт за најсексапилен маж на светот за 2014-та година. Хемсворт е најпознат по улогата на Тор во истоимениот серијал, а го портретираше и возачот на формула еден Џејмс Хант во филмот Rush.



Хемсфорт, кој за ова признание за најсекси маж дозна во шоуто на Џими Кимел, изјави дека за оваа титула треба да им се заблагодари на неговите родители.

Негови претходници се Бредли Купер, Рајан Рејнолдс, Ченинг Тејтум, Адам Левин, Бен Афлек, Бред Пит, Џорџ Клуни, Патрик Свејзи, Шон Конери... Мел Гибсон, уште еден Австралијанец, е првиот добитник на ова признание во далечната 1985-та година.



31-годишниот Хемсворт е оженет и има три деца. Неговиот помлад брат Лијам е ѕвезда на серијалот Hunger Games.

Актерот за магазинот изјавил дека наградата му дала право неколку недели да и’ се фали по дома на својата сопруга.

- Сега можам да и’ кажам: „Сети се дека ова го мислат луѓето и дека повеќе не морам да мијам садови, ни да менувам пелени. Сега сум над сето тоа. Успеав!“, се шегува тој.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби