Козби имаше секс со манекенки помали од 16 години!

Сопственичката на една агенција во гардеробата му носела на Бил Козби манекенки кои не биле постари од 16 години. Јас внимавав за никој да не му смета, раскажа Френк Скоти и додаде бензин на огнот кој веќе две недели го тресе Холивуд и светот.



Имено, викендов, во јавноста проговори поранешен вработен во телевизијата NBC, Френк Скоти (90), кој призна дека кон крајот на 80-те работел во NBC и му помагал на Козби да ги сокрие сексуалните злопотреби на малолетни девојчиња кои, како што вели тој „тие едвај да имале 16 години“.

– Кога Бил во својата гардероба носеше млади манекенки, јас стоев пред вратата за никој да не му пречи. Кога на една од девојките со која спиеше одлучи да и купи стан во Квинс, јас тоа го направив за него. Кога требаше да им се носи пари на жените со кои тој спиеше, јас тоа го правеве, раскажал Скоти за NY Daily News.

Френк вели дека во тоа време, од 84-та до некаде 92-та година, кога „Козби шоу“ беше најпопуларно ТВ шоу во САД, но и во светот. Тогаш, па ниту и до пред еден месец никој не се сомневал дека најпопуларниот телевизиски татко би можел да биде сексуален злоставувач.

Скоти за Козби секој месец носел по 2.000 долари кај жените кои Козби ги плаќал. Имало вкупно осум.

Една од нив беше и Шон Томпсон чија ќерка Отом Џексон тврди дека татко и е црномурестиот комичар и бара да ја признае. Иако не го признал татковството, Козби во текот на годините на Шон и исплатил повеќе од 300.000 долари.

– Никогаш не ми кажа зошто ги плаќа сите тие жени, но сам заклучив дека го плаќа нивното молчење поради аферите кои ги имаше со нив, вели Скоти кои ги сочувал и патните налози кои Козби му ги давал и додава: Да, јас му бев параван, затоа што моето име беше на сите документи. Тоа дури подоцна го сфатив и се запрашав што правам, вели Скоти кој во NBC работел како домар.

Комичарот, како што додава Скоти, имал и договор со една популарна сопственичка на една агенција за манекенки. Таа му праќала девојки, од кои некои едвај да имале 16-на години. Влегувањето во неговата гардероба Козби ги нарекувал, интервјуа за шоу. Девојките доаѓале во гардеробата на Бил, тој ги користел и никогаш не добиле никаква улога, иако притоа им ветувал голема кариера во Холивуд.

– Не можев веќе да трпам и да го кријам тоа што тој го правеше и дадов отказ. Совеста ме печеше. Претходно беше многу мил човек, пријатен и интересен, но претера со девојчињата, вели Скоти и додава дека Козби бил многу незадоволен кога тој дал отказ.

Американските медиуми секојдневно објавуваа нови докази и нови валкани работи за порано омиленото лице од ТВ бизнисот во САД, Бил Козби. Тој во меѓувреме ги откажа своите јавни настапи, а јавноста и медиумите го ставија во кош. Останува да видиме како ќе се одвива целата ситуација бидејќи како што тврдат доброупатените извори, станува збор за многу жени кои сега ќе почнат да се откриваат и да го раскажуваат своето срамно минато со Бил Козби.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби