Три месеци откако и официјално стапија во брак, Анџелина Џоли и Бред Пит ги имаат своите први брачни караници. Парот беше забележан на балконот од хотел во Сиднеј додека жолчно се расправа.
Бред (50) вика и мафта со рацете додека Џоли изгледа како да не е расположена за караница. Очевидците на настанот велат дека во живо однесувањето на Бред изгледало мошне фрустрирачко, а Џоли била прилично изморена.
Дали ова е само една обична кавга или пак се случува нешто посериозно останува допрва да видиме. Парот беше разделен неколку недели поради збиениот работен распоред, а последен пат се појавија заедно на црвениот тепих на премиерата на „Unbroken“.