Лима е убава ама имам девојка!

Српскиот актер Дејан Јелача и бразилската манекенка, Адријана Лима, уживаат да се фотографираат заедно, но за волја на вистината не се во никаква интимна врска. По гласините за наводната романса, Јелача даде изјава за српски Блиц во која го објаснува својот однос со ангелот на Victoria’s Secret.

-Кога се запознавме, станавме пријатели. Дури ја научив и неколку српски реченици како добар ден, како си, добро, а ти што правиш и по некоја домашна пцовка. Тоа беше навистина забавно. Следниот пат кога се видовме ме поздрави на српски! Кога ја запознав не беше во брак со Марко Јариќ ама неколку години подоцна ме запозна со него, вели Јелача.

Иако признава дека Адријана е една од најубавите жени на планетата, сепак има добра причина поради која помеѓу нив не може да има романса.

- Таа е една од најубавите жени на светот. Освен тоа изгледа многу поубаво откако стана мајка и и го имам кажано тоа. Некои медиуми пренесоа дека сме повеќе од пријатели, но еве ќе ви ја кажам вистината: Адријана и јас сме само пријатели и така и ќе остане! Нема шанса помеѓу нас да има нешто повеќе бидејќи сум во долга врска во која сум исполнет и уживам, искрено признава српскиот актер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби