Славни бебиња по кои ќе ја помниме 2014-та

Годината која полека ни изминува многу познати парови ќе ја помнат засекогаш. Причината е најубавата на светот – раѓање на дете. Нивните бебиња привлекоа подеднакво исто внимание во светските медиуми како и нивните славни родители.

Новак и Јелена Ѓоковиќ

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата избраничка Јелена се во љубов од средно школо. Тие долгогодишната врска ја крунисаа со брак во Црна Гора. Ноле и Јелена станаа родители на малиот Стефан на 21-ви октомври. Откако популарниот Ноле стана татко, тој не знае за пораз на тенискиот терен.

- Поинаку се чувствувам на теренот откако станав татко. Се надевам дека еден ден мојот син ќе може да ме гледа и да навива за мене, рече Новак на едно интервју, изјави Ноле.

Мила Кунис и Ештон Качер

По долгогодишната врска со 16 години постарата колешка Деми Мур, Ештон Качер вплови во врска со ѕвездата од серијата „Весели 70-ти“, Мила Кунис. Љубовниот пар кој веднаш предизвика внимание кај светските медиуми љубовта ја круниса со раѓање на својата ќерка.

Мила и Аштон добија ќеркичка кон крајот на септември, а гордиот татко на Facebook напиша: „Мила и јас сакаме да и посакаме добредојде на светот на Вајат Изабел Качер. Нека твојот живот биде исполнет со љубов, смеа, здравје и среќа.“

Скарлет Јохансон и Роман Дуриак

Скарлет Јохансон и нејзниот вереник Роман Дуриак, во септември станаа родители на девојче на кое и го дадоа името Роуз. Актерката и нејзиниот вереник, францускиот новинар, се верија во септември 2013-та, а Скарлет пред него беше три години во брак со колегата Рајан Рејнолдс.

Роби Вилијамс и Ајда Филд

Британскиот пејач Роби Вилијамс стана татко по втор пат оваа година. Неговата сопруга Ајда Филд роди син. Интересно е што Вилијамс породувањето на својата жена, кое траеше подолго од 24 часа, го пренесуваше во живо на Twitter.

Парот сними и видео по породувањето, во кое ја објавија и радосната вест, со духовитиот коментар на Вилијамс: „Ниту една мајка не е повредена при снимањето на ова видео“. Овој пар ја има и ќерката Теодора Роуз која е родена во 2012-та.

Доутзен Крос и Синери Џејмс

Холандската манекенка Доутзен Крос, по втор пат стана мајка во август оваа година. Прекрасната убавица која е редовна членка на поставата на ангели на Victoria’s Secret роди девојче кое го доби името Милена Мае.

Оваа вест долгоногата убавица ја објави на Twitter пишувајќи: „Чудото утрово го здогледа светлото на денот. Добро дојде Милена Мае! Мама, татко и братот Филон се супер горди!“

Брус Вилис и Ема Хенинг-Вилис

Брус Вилис стана татко по петти пат, а и овој пат доби ќерка. Ема Хининг-Вилис, сопругата на славниот актер, ја донесе на свет Евелин на 5-ти мај во Лос Анџелес.

Брус и Ема се во брак веќе пет години, а пред две години го добија своето прво заедничко дете – ќеркичката Мејбел. Актерот од бракот со колешката Деми Мур, кој беше завршен во 2000-та година ги има уште ќерките: Рамел (25), Скаут (22) и Талула (20).

Роџер и Мирка Федерер

Во 2014-та година тениската ѕвезда Роџер Федерер повторно стана татко и повторно доби близнаци! Неговата сопруга Мирка на светот донесе две машки бебиња кои ги добија имињата Лео и Лени.

- Мирка и јас сме неверојатно среќни да поделиме дека Лео и Лени се родени оваа вечер!, напиша Федерер после породувањето, по што следеа честитки.

Федерер во 2009-та година стана татко на близначките по име Чарлен Рива и Мила Роус.

Тамара Еклстон и Џеј Ратланд

Ќерката на некогашниот прв човек на Formula 1, Берни Еклстон, Тамара, ја роди ќеркичката Софија во март. Гордата мајка на Instagram објави фотографија од својата заспана наследничка под која напиша „никогаш не сум почувствувала ваква среќа“.

Меган Фокс и Брајан Остин Грин

Ѕвездата на Трансформери, Меган Фокс, во февруари оваа година стана мајка на втор пат. По Ноа кој е роден во март 2012-та, Меган го роди и Боби Ронсон. Интересно е што Ронсон има значи откуп, надохнада, односно пари кои се бараат за одредена работа.

Убавата актерка е во брак со Брајан Остин Грин од 2010-та година, а иако меѓу нив има 13 години разлика, Брајан и Меган се редок холивудски пар кој е заедно веќе 10 години.

Гвен Стефани и Гевин Родсејл

Гвен е во брак со Гевин веќе 11 години. Во март 2014-та година овој складен пар го доби и третиот син Аполо Боуви Флин. Во едно интервју Гвен откри дека посакувала третото дете да биде девојче.

- Бев подготвена да ја предадам круната, но очигледно дека ќе останам кралица на куќата, се пошегува Гвен на Twitter откако дозна дека ниту овој пат нема да роди ќеркичка.

Покрај Аполо Боуви Флин, Гвен и Гевин имаат два постари синови Кингстон (7) и Зума (5).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби