Скандал во Твое лице звучи познато: Напади, закани и откривање на валкани работи

Пејачката му се нафрли на Мојичевиќ од непрофесионални причини, а тоа води до нејзина дисквалификација, велат од Grand продукција.

Grand продукција остро реагираше на прозивките од Марија Михајловиќ, која како член на жирито во шоуто „Tvoje lice zvuci poznato“, го изнесе својот суд за тоа како Grand и TV Prva го форсираат Бане Мојичевиќ, поради што таа во финалето на ова натпреварување ќе му даде минимален број на поени.

Таа се огласи на Facebook

Незадоволството кое го изрази по пат на Facebook пејачката не го поткрепи со никакви аргументи, но предизвика многу бурни реакции, како на друштвените мрежи, така и помеѓу самите учесници во популарното шоу кое се емитува и кај нас.

- Бане е сјаен пејач и одличен имитатор. Но, за жал заради големото фаворизирање од ТВ Прва и Гранд, не по негова кривица, од мене во финалето ќе добие најмал број на поени. Затоа што сметам дека сите овде работат и не е фер кон другите натпреварувачи. А Гранд да знаеше што требаше да направи со него, ќе го направеше ѕвезда уште пред 10 години. Сметам дека било кое фаворизирање на натпреварувачите од страна на било кој член од жирито или продукцијата не е во ред. Тоа е омаловажување за сите други кои се трудат и гинат да направат добра точка и да ве забавуваат. Бане ова не го заслужи, но затоа што сте толку безобразни, од мене тоа ќе го добиете. Извини Бане. Не е до тебе. Туку до твоите матни ментори кои се научени ништо и никого да не почитуваат. Тие само знаат да уништуваат талентирани луѓе и од нив да направат потрошна роба која не трае ни една сезона. Толку. Мразете ме сега. Но знаете дека сум во право, напиша таа на својот профил на Facebook.

Бане на ова не сакаше да напаѓа и откри дека публиката му е најважна

- Сметам дека со моите имитации најдобро покажав кој сум и колку можам, а тоа што луѓето имаат предрасуди без каков било основ, поради продукциска куќа или местото од каде доаѓам, тоа е нивен проблем. Марија има свое мислење и јас тука нема што да коментирам. Моите квалитети ги покажувам на сцена и не ме интересира кој што мисли, секој има право впрочем да мисли што сака. Најважно е во финалето да гласа публиката, тоа е најважното мерило, изјави Бане за српскиот Kurir.

После сево ова се јавија и од Grand продукција

- Гранд продукцијата не може да фаворизира ниту еден учесник на емисијата бидејќи на ниеден начин не учествува во организација на истата. Покрај тоа, Бане Мојиќевиќ за време на траењето на серијалот ниту еднаш не бил гостин во некоја од емисиите од нашата продукција како што се „Фантастик шоу“ или „Народ пита“, кои се емитуваат на Прва ТВ, а да не зборуваме за тоа дека освен Бане, „Гранд продукција“ таму ја има и Тања Савиќ, Неда Украден и Драган Којиќ Кеба. Така што непрофесионалниот испад на Марија Михајловиќ го толкуваме како евтин обид да не победи некој кој доаѓа од Гранд. Сето ова бара нејзина дисквалификација од жирито, бидејќи јавно кажа дека Мојиќевиќ ќе го оцени минимално, без оглед на квалитетот на нејзината имитација и тоа потполно професионално, соопштија од прес службата на Гранд продукција.

Останува да видиме дали после сево ова Марија ќе остане дел од жирито во шоуто „ТЛЗП“ или пак нејзиното место ќе го заземе некое друго познато лице од Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби