Најомилената војвотка на светот сè повеќе ужива во својата бременост откако успешно ги надмина утринските мачнини кои и задаваа сериозни проблеми.
-Веќе чувствувам дека бебето ме удира. Тоа е едно мошне активно бебе, открива Кејт Мидлтон.
И додека целата британската јавност се прашува дали принцот Џорџ ќе добие братче или сестричка, Кејт и Вилијам велат дека и самите не знаат што ќе добијат бидејќи не сакале да го дознаат полот на детето.
Војвотката од Кембриџ треба да се породи во април, а кралското семејство веќе на големо се подготвува за раѓањето на новиот член.