ФОТО: Чудо е што Милан Калиниќ не усмрти никого!

Српскиот актер и водител, Милан Калиниќ, кој во неделата предизвика сериозна сообраќајна несреќа се соочува со 4 годишна затворска казна поради невнимателно возење. Водителот ја предизвика сообраќајката враќајќи се од Копаоник, кога со својот Land Rover удри во возило марка Suzuki кое било управувано од Унгарски граѓанин. При несреќата двајца од патниците кои биле во второто возило се пренесени во болница, додека Калиниќ помина со полесни повреди.

Српски Курир ексклузивно објави фотографија од местото на настанот на која се гледа смачкан џип. Очевидци на настанот откриваат дека навистина е чудо како во несреќата нема мртви.

-Во овој случај наместо затворска казна судот може да изрече парична казна. Освен тоа постои можност покрај казната да се изрече и забрана за управување со моторно возило од 3 месеци до 5 години, вели обвинителот во случајот, Гордана Чолиќ.

Веднаш по несреќата, Калиниќ се обидел да ги посети повредените во болницата, но бил спречен од обезбедувањето.

-Пуштете ме да ги видам! Доаѓам од полиција! Знаете ли вие воопшто кој сум јас?, викал разлутениот водител, но и покрај тоа не добил пристап до Унгарците.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби