Штрајк и контра-протест на „Златна бубамара на популарноста“

Синоќа се одржа 18-тото полнолетно издание на „Златна бубамара на популарноста“ во организација на радио „Бубамара“, каде што беше преместен главниот штрајк. И додека домаќинот, доцент штрајкуваше, на сцена се појавија заменски водители, односно студенти со контра-протест кои не сакаа да си заминат од сцена до таа мера што беа решени и да спијат на земја.

Можеме со сигурност да кажеме дека младите актери Атанас и Тино кои минатата година земаа една награда за најдобар млад актер, успеаа да не насмеат до солзи во првиот час додека сами се справуваа со водењето на ова полнолетно издание, но и во текот на следните појавувања. И додека тие се приказна сами за себе, на момент помисливме дека можеби нашиот Сашко нема да се појави, но тој реши да го прекине штрајкот и на наше задоволство се појави на сцена.

Речиси целата публика се смееше на неговите анегдоти, имитирања и главни збиднувања од целата година, а главна мета и оваа година беа политичарите. Сепак, никој не остана зајадлив затоа што откако Сашко почна да ја води „Златната Бубамара“ сите ја сфаќаме сатирично и сакаме убаво да се изнасмееме.

Оваа година беа доделени три награди за животно дело. Првата награда падна во рацете на трите грации Верица Ристевска, Зорица Поп Анкова и Даниела Панчетовиќ кои со еден сплет не потсетија на едни од најдобрите македонски евергрини. Освен нив и босанскиот пејач Дино Мерлин ја доби истата награда кој кажа дека кога се добива оваа награда луѓето очекуваат уметникот да се пензионира, но тој се уште ќе продолжи да работи. И третата награда за животно дело беше доделена на музичарот и писателот Ноле Карајлиќ, кој заедно со Игор Џамбазов и Бубо Каров ја испеаја песната „Zenica Bluz“.

Откритието на годината беше Трајче Ѓеоргиев, кој заедно со поранешниот добитник на оваа награда Даниел Кајмакоски ја испеаа во дует песната од Мајкл Џексон „We are the world“.

Од музичките награди, Тамара Тодевска доби награда за хит на годината за нејзината песна „Тажна љубов среќна песна“, а наградата и ја додели нејзиниот внук Вук Дапчевиќ. Влатко Стефановски заслужено ја доби наградата за албум на годината и тоа за неговиот успешен „Сеир“, а потоа ни покажа како добро владее еден великан со својата гитара.

Од оние сатиричните награди мора да истакнеме дека најинтересна беше наградата Златна бубамара In Memoriam, кога целата публика стана на нозе за едноминутно молчење поради прерано загубените К-15. Сите членови на хумористичниот квартет се појавија на бина, тажни затоа што ги погребувале по кој знае кој пат.

Има уште мал милион работи кои не насмеаја до солзи без да го почувствуваме летањето на времето, но овој пат ви ги одделивме само највпечатливите. Колку и да сакаме да го пренесеме оној дел во кој водителите кои штрајкуваа беа едни од најинтересните, нема да успееме. Тие самите по себе се смешни, а истите ви препорачуваме да ги изгледате во недела на малите екрани и ви дозволуваме да се смееме. До тогаш уживајте во нашата галерија.

Текст: И.В.
Фото: Н.Вуковиќ



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби