Првите фотографии од кревката Анџелина Џоли по операцијата

Анџелина Џоли за прв пат е видена откако откри дека била подложена на операција минатата недела при која и биле отстранети јајниците.



Триесет и деветгодишната холивудска актерка која поради операцијата принудно влезе во менопауза како резултат на отстранувањето на јајниците и јајцеводот беше фотографирана  како се вози во својот автомобил на совозачкото седиште.

Џоли носеше „полициски“ очила за сонце и шише со вода во едната рака додека го напушташе својот семеен дом.

Инаку на 15-ти март таа беше фотографирана со Бред Пит и нивните деца уживаа на сончевото време во Лос Анџелес.

Анџелина Џоли (39) која е мајка на 3 биолошки деца и уште 3 посвоени во понеделникот објави дека откако ги добила резултатите од крв кои откриле дека таа се наоѓа во раната фаза на рак на јајници решила да замине на операција. Анџелина на едниот јајник имала „доброчуден“ тумор и воспаление кое ги загрижило докторите.

Актерката донела драстична одлука со цел да се заштити од болеста и подлегнала на операција со која и се отстранети јајниците и јајцеводот. Таа имаше интимна исповед која ја објави за New York Times каде откри дека ги отстранила и своите јајници и јајцеводот поради ризикот од 50 % за развивање на рак на тој дел.

Инаку, Кели Озборн, по веста за Џоли откри дека слично како и актерката, и таа има „канцер гени“ и дека планира да се подложи на превентивна операција.

ТВ-ѕвездата ја дискутираше храбрата одлука на Џоли да ја направи операцијата и притоа рече дека мајка и ги натерала своите деца да се тестираат откако таа направила двојна мастектомија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби