Марко Јариќ и Адријана Лима можеби се во бракоразводна парница, но и покрај тоа и понатаму остануваат во добри односи.
Толку добри што додека Лима се забавува со ММА борачот Биг Џо, Марко се грижи за децата. Како и секој посветен татко Јариќ се забавуваше со ќерките Валентина и Сиена, додека мама е со новиот партнер.
Според пишувањата на американските медиуми Адријана планира да започне заеднички живот со Џо веднаш откако разводот со Марко ќе биде официјализиран.
За разлика од неа, поранешниот кошаркар сè уште нема нова љубов и децата се центарот на неговиот свет.