Поминаа само неколку месеци откако ја роди својата прва ќерка, а веќе е во топ форма за црвениот тепих и тоа токму во фустан во истата боја.
Блејк Лајви блесна на премиерата на својот последен филм „Age Of Adaline“ каде се појавува во улогата на жена која никогаш не старее, идеален лик за оваа холивудска убавица.
Поранешната Gossip девојка избра раскошна креација од модната линија на Monique L'Hullier сезона есен/зима 2012-та и го надополни изгледот со специфична ташничка во облик на риба.