Раперката Иги Азалеа има само 24 години, но тоа не ја спречи да направи неколку сериозни корекции на лицето. Споредувајќи ги нејзините фотографии од пред само два месеци јасно се забележуваат промени во пределот на носот и брадата.
Иако ликот и е видно изменет, пејачката не дава коментар околу прашањата дали се подложила на пластична операција на лицето. Претходно во интервју за Вог призна дека ги зголемила градите.
-Пред 4 месеци ставив силикони. Цел живот размислувам за тоа. Ги обожавам толку многу што морам да зборувам за нив, изјави Азалеа и додаде дека прво сакала да молчи за операцијата, но потоа го сменила мислењето.