Кендис Сванепол одлучи да ни ги покаже своите јога вештини преку серија фотографии кои ги објави на Instagram.
Сексапилниот јужноафрикански модел си зема слободно време за да одмори од нејзините фото-сесии за Victoria’s Secret на прекрасните плажи на островот Turks and Caicos кој е дел од Карибите.
Дваесет и шестгодишната убавица престојуваше во луксузниот Amanyara ресорт каде ја покажа својата популарна фигура во бело бикини.
- Таа едноставно воодушевува со својот шарм и изглед. Кендис знае убаво да се забавува за време на паузата помеѓу фото-сесиите. Очигледно за нејзината смиреност и енергија која ја зрачи одговорна е јогата, напиша Daily Mail.