Дивите авантури на славните со Беар Грилс

Стилер е забавен човек и е направен од челик

Во филмовите се бестрашни , но какви се во дивината? Излегуваат пред толпи луѓе, се соживуваат со улогите. Понекогаш и самите ги изведуваат триковите во некоја акциона сцена. Бен Стилер, јунакот од "Zoolander" и "Tropic Thunder" , кој рамо до рамо играл улоги со Шон Пен и Том Круз би требало многу лесно да го помине 48 часовното патување со авантуристот Беар Грилс. Но, за Стилер оваа авантура е влажна, студена и понекогаш застрашувачка благодарение на учеството во серијалот “Дивите авантури на славните со Беар Грилс” на Дискавери каналот. Како се снајде Бен Стилер во улогата на преживувач?



Екпедицијата започнува лесно за Стилер додека го чека Беар, во шкотската дестилерија Талискер. Но, денот не е така сончев во Бригадон, Шкотска. Од моментот кога се качуваат во хеликоптерот, облаците се насекаде околу нив. Мисијата на хеликоптерот е да ги однесе до врвот на гребенот на планината Блек Кален. Сè е сиво околу нив и точката на спуштање е поместена. Беар и Стилер уште пред почетокот се веќе назад.



Искуството на Стилер во дивина е ограничено, со оглед на фактот дека израснал во Њујорк. Но, Беар е секогаш тука да им ја пренесе обуката на лице место и еве ги заедно врзани со јажиња, како се качуваат по карпестите предели. И покрај физичкиот предизвик и лизгавите патеки и карпи, покрај неискуството и неизвесноста, Стилер успева да се справи со предизвикот, додека за Беар ова означува само уште една прошетка во маглив, влажен и стрмен парк.



Двојката конечно се спушта до океанот и бараат место каде може да преноќат и да најдат храна. Беар тргнува да најде храна и собира див лук и морски мекотели. Ги приготвуваат на оган и вечераат. На Стилер вкусот му е очаен. Тие наоѓаат и базен со исклучително свежа и питка вода и се шегуваат со идејата за нова линија на флаширана вода. Славната двојка заспива, споделувајќи приказни од татковството и детството.



Во муграта Беар веќе го смислува курсот до точката од каде треба да ги земат. Прва задача им е да излезат од пештерата која е во бездна што им беше преноќиште, сега е опколена со вода од плимата. Има само еден излез, нагоре. Со помош на јажиња се искачуваат до врвот. Иако Стилер неколку пати запира, сепак охрабрувањето од страна на Беар му дава сила да продолжи и успешно да се искачи до врвот.


Сè што остана е да направат сигнал за хидропланот кој треба да ги собере. Ова означува скок од 12 метри во океанот. За Стилер е премногу, но сепак изнаоѓа храброст за предизвикот. Беар го пали сигналот и хидропланот е веќе тука. Преморен и мокар Стилер се качува во хидропланот, но сепак е задоволен од својата упорност и сила.



Беар за Стилер раскажува дека за да видиш некој колку е издржлив само притисни го до ѕид и ќе видиш од што е направен. Очигледно е дека Стилер е забавен човек, и под сите слоеви на шега се наоѓа човек од челик.

Оваа епизода може да се проследи во недела, 24 мај во 21 часот на Discovery каналот кој се емитува на MaxTV и е достапен под реден број 102
.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби