Нели е чудно? Да создадеш нешто што те мрази

Наслов:
Ex Machina

Режија/сценарио: Алекс Гарланд

Улоги:
Домнал Глисон, Оскар Ајсак, Алисија Викнаер...

Времетраење: 108 мин.

Жанр:
СФ/трилер

Година на издавање:
2015-та



„Дали ти е криво за Ева? Треба да ти биде криво за себе. Еден ден вештачката интелегенција ќе нè гледа како што ние денес ги гледаме фосилите во Африка“ му вели Нејтан (Оскар Ајсак) на неговиот гостин Кејлеб (Домнал Глисон). Вистината во оваа реченица можеби не ја сфаќаме во таа сцена, но верувајте до крајот на филмот ќе се уверите во неа.



Кејлеб е избраниот. Талентиран млад програмер во фиктивниот пребарувач Bluebook, кој ќе добие шанса да помине една недела во куќата на Нејтан, ексцентричниот и изолиран основач на таа компанија. Таму Кејлеб треба да направи Туринг-ов тест врз Ева (Алисија Винакдер), хуманоидниот робот создаден од Нејтајн. Но, идиличниот престој ќе се претвори во кошмар, најмногу поради она што ќе го пронајде во куќата.

Ex Machina е како бизарна партија на шах. Ја играат само 4 фигури (од кои 2 се луѓе, а 2 роботи), а во неа способноста да си еден потег пред другите не е предност. Ex Machina е режисерско деби во кариерата на Алекс Гарланд, но глаткото водење на камерата на „стерилниот“ сет во куќата е речиси засенето од интелигенцијата на неговото сценарио.

После сè, пишувањето е неговиот фах, а тука успеал со три ликови (слугинката/секс роб Кјоко нема дијалог) и само една куќа да го направи еден од најдобрите филмови на годината. Како?



Па за почеток, тие три ликови Алекс ни ги открива чекор по чекор (сцена по сцена), а така и ги развива. Искрено ова е филм воден примарно од карактерите. Ex Machina е тивок филм во кој дури и самиот расплет е суптилен и без непотребна екстраваганца. А во првата сцена го гледаме Кејлеб. Гарланд му дал невиност, ентузијазам, наивност и речиси детска чистота на ликот на Кејлеб. Тој е како Чарли и само што го добил својот златен билет за во фабриката на Вили Вонка. А Вили Вонка сега се вика Нејтан.

Арогантен милијардер кој својот успех и богатство го стекнал уште во пубертет. И нема негирање дека е гениј. Хеј, дури и самиот гениј во мозокот до некаде ја оправдува таа негова ароганција. Но, тој е и во исто време самодеструктивен до степен на патетика, а како што одминуваат деновите две нешта се намалуваат кај Кејлеб за неговиот домаќин. Првичната фасцинација и мислењето за Нејтан како човек. Не како научник. Како човек.



Причина за тоа е Ева (Винадер). Тенка е линијата меѓу човек робот кај Ева. И токму и затоа е донесен Кејлеб. Да открие дали емоциите и интелигенцијата кај неа се вистински или пак вештачки. Искрено кога ја гледате таа е и двете. Прекрасна и паметна девојка кога Гарланд ја фокусира камерата на нејзиното лице, а робот кога таа оди во просторот и може да ги видиме сите жици и остатокот од хардверот во остатокот од телото.

Можеби една од малите грешки кои Гарланд ги направил во филмот е што не ни го прикажал процесот за нејзиното создавање. Само во кратки црти е објаснет, но претпоставувам повеќе сакал да се задржи на социјалната, а не на технолошката страна. И фасцинантен за гледање е процесот на емоционална манипулација кај Ева кога ќе забележи дека е Кејлеб е фасциниран од неа. Како кратки молњи повремено ќе најдете и други теми кои Гарланд покрај вештачката интелегенција ги начнал во Ex Machina.



Психологија, уметност, еволуција, сексуалност, комплексот на Господ, а на свој бизарно прекрасен начин ни дал и танцова точка во која главните ѕвезди се Нејтан и Кјоко (Сонја Мизуно). Нејтан е личноста која сакате да ја мразите, но мразите кога ја обожавате. Има причина и за двете, а искрено одличната глума од Оскар Ајсак ја добива половина од заслугата. Алисија Виканер е апсолутно маестрална како Ева, но скриената ѕвезда на филмот е Домнал Глисон.

Природниот шарм на актерот е присутен речиси во секоја сцена во која е Кејлеб, но забележете ја транзицијата на перформансот по секоја сесија со Ева. Тој успева да открие нов слој од карактерот на Кејлеб со секоја нова наредна информација која ја дознава во куќата. Иако Нејтан е вториот од месо и коски во Ex Machina, тој е на друго ниво во интелектот и генијалноста. Ако морам да дадам споредба, Нејтан е најблиското до нечовечен примерок. Најблиското до машините. Но, Кејлеб е секој од нас, но во исто време тој е делот од нас кој е пред изумирање. Емпатијата која е во ограничени количини.



Ќе биде интересно на есен, неколку месеци по Ex Machina, кога двајцата актери повторно да ги видиме заедно во нов филм. Star Wars- Force Awakens ќе биде нивниот заеднички проект, а по одличниот Ex Machina, двајцата се нова причина зошто го очекувам.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...