Може ли Ченинг Тејтум да ја одигра улогата на планински човек?

Во новата епизода на серијалот „Дивите авантури на славните со Беар Грилс”, гостин кој ќе го придружува Беар во 48 часовна авантура е Ченинг Тејтум. Тој е модел, акциона ѕвезда, актер и танчар во бројни филмови. Но, може ли Ченинг Тејтум да ја одигра улогата на планински човек?



Додека летаат високо над густата борова шума, Беар и Чанинг одлучуваат дека авантурата треба да ја почнат уште кога се во воздухот. Летањето на хеликоптерот прави бранови во високото планинско езеро недалеку од националниот парк Јосемити, а двојката се решава за скок во езерото. За разлика од досегашните партери на Беар, оваа ѕвезда изгледа има безгранична желба за авантура. Нивното 20 километарско патување вклучува пешачење преку густата шума како и искачување на висока карпа која треба да се помине за да стигнат до крајната точка.

Дел од секој предизвик на Беар Грилс, подразбира и преживување од она што земјата го дава, па кога ќе види змија, не размислува како да побегне од неа туку како сигурно да ја фати и да ја јаде. Претпазливо и двајцата со своите мачети си осигуруваат вечера. Следат и лекциите на Беар како да се одере змиска кожа, начинот на исхрана на змиите како и зошто се рефлексните мускулни реакции по обезглавувањето на змијата. Змиското тело кое уште мрда, се става во ранецот на Ченинг и патувањето продолжува.



Гранитните карпи, нуспродукти од глацијацијата и тектонските поместувања, се заштитен знак на Сиера Невада. Импозантната карпа на која Ченинг и Беар го започнуваат своето качување, изгледа сè пострмна со секој  чекор напред. Сепак, во прашање се два внимателни и силни спортисти кои лесно го совладуваат овој терен. Откако ќе го освојат врвот, Беар е во потрага за соодветно место за преноќување. Спиењето на врвот не е добро од неколку причини: премногу е изложено на ветер, а и местото е познато по изненадните силни грмотевици. На 180 метри од подножјето на карпата, Беар воочува вдлабнатина и тоа е нивниот кревет за таа ноќ, на работ на 180 метарскиот пад.

Зората стигнува, а двојката почнува да го планира својот пат надолу по карпата. Нивните животи зависат од појаси, јажиња и чворови, а Ченинг и не е баш сигурен за неговото врзување. Беар го осигурува дека се е во ред и успешно се спуштаат по карпата.



Стигнуваат до финалната точка и палат сигнален оган за хеликоптерот кој треба да ги врати назад во цивилизацијата. Поминаа само 48 часа а двајцата веќе се поврзаа преку нивната заедничка љубов кон физичките предизвици, авантурата и убавините на Сиера Невада.

Токму оваа епизода може да ја проследите на 31 мај во 21 часот на каналот Discovery под реден број 102 на MaxTV.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...