„Карпата“ и земјотресот

Наслов:
San Andreas

Режија:
Бред Пејтон

Сценарио: Карлтон Кјуз

Улоги:
Двејн Џонсон, Карла Гуџино, Александра Дадарио, Пол Џијамати...

Жанр:
акција

Времетраење: 114 мин.



Робин Вилијамс во Weapons of Self Destruction stand up перформансот од 2009-та година имаше еден сегмент за природните катастрофи кои населението на САД често се соочува. Поточно урагани, торнада и земјотреси... Во сегментот за земјотреси тој објасни: Јас живеам во Калифорнија и „преживеав 7.5 степени земјотрес. Тоа беше F***K ME момент за мене. И сите зборуваат за големиот земјотрес најавуван со години, но ми објаснија дека тој кој го искусив не бил „големиот“. А каков би бил „големиот“ земјотрес? Па по него, Невада би била The Wine Country, објасни Робин.



Во San Andreas, Двејн „The Rock“  Џонсон е Реј Гејнс, пилот во противпожарната единица на Лос Анџелес специјализиран за итно спасување со хеликоптер. Кога силен земјотрес од 9.1 степени според Рихтер ќе ја уништи Калифорнија, во Лос Анџелес, тој ќе успее да ја спаси сопругата Ема со која е пред развод (Карла Гуџино) и заедно двајцата ќе тргнат по нивната ќерка Блејк (Александра Дадарио). Блејк заедно со браќата Бен (Хуго Џонсон) и Оли (Арт Паркинсон) кои случајно ќе ги запознае, е заглавена во Сан Франциско, еден од погодените градови во Калифорнија . Во, меѓувреме пак, сеизмологот Лоренс Хејс (Пол Џијамати) ќе се обиде да ги предупреди жителите дека тоа што го доживеаа, не е најстрашното. Тоа што следи е уште пострашно...

San Andreas е сè што очекувате од акционен/disaster филм со Двејн Џонсон. Напумпан како и неговите мускули, но изненадувачки колку и да нема логика, емоција или било каква супстанца под нив, е гледлив доволно за да ви го задржи вниманието до крај. И како за летен блокбастер искрено тоа е сè што ви е потребно. Да се разбереме, филмот е лош, но ако го расцепкате има одредени моменти во него кои придонесуваат да го цените за тоа што е, а не за тоа што вие сакате да биде. Научно точен на пример. Особено во методот за предвидување на земјотресите пред тие да се случат, и нивната јачина.

Харизмата на Двејн искрено го носи филмот на рамената, бидејќи знаеме дека не може да се потпира на неговите актерски способности. Сценаристот покрај улогата на херој и можноста да управува со хеликоптер, авион, брод, се обидел  дури и да му даде емоционална длабочина на неговиот лик. Тоа го направил со премисата за смртта на другата ќерка и вината која ја чувствува, а и конекцијата со сопругата во тешките моменти.



Ова е негова втора соработка на Џонсон со Карла Гуџино, по Faster од 2010-та година, но хуморот повеќе е базиран во ликот на Ема. Не толку преку репликите, туку преку нејзиниот перформанс, а малку повеќе знаење и снаодливост добила нејзината „филмска ќерка“. Ликот на Блејк е вториот лидер во филмот, а на моменти импресионира и нејзиното знаење за преживување и наука во елементарната непогода. Сепак, колку и да се издвојува во знаењето, нејзината романса со Бен е плитка и недоволно развиена како и самиот филм (а искрено и ликовите во него). Пол Џијамати во улогата на сеизмологот Лоренс Лејс е навистина одличен и единствениот во актерската екипа од кој не само што очекувате солиден перформанс, туку и го добивате со оглед на фактот во каков филм е тој. Сепак, станува збор за актер кој е „светлосни“ години во талентот од сите останати. И иако неговиот лик е статичен во најголемиот дел од дејствието, тоа што Двејн Џонсон е во акцијата, Пол Џијамати е во делот со глумата.



Грандиозноста на San Andreas лежи во способноста на режисерот Пејтон да ја спои CGI технологијата со конструктивни сет парчиња. Пејтон со камера од птичја перспектива ја прикажува деструктивната разорна моќ на земјотресите, а со повремено ротирање на стабилна и рачна камера дел од најтемната страна на човештвото во од тлото на земјата. За моменти движењето на камерата (особено во сцените во завторен простор) е помалку роботична и јасно е каде е снимана таа сцена, но колку и да е прозаичен во тие моменти, преку CGI тимот зад San Andreas се обидел да ги корегира грешките.

Резултатот од целиот напор е гледлив кој и покрај визуелната грандиозност е апсурден и „шуплив“ филм кој ќе ви понуди само 114 минути бесмислена забава. Ништо повеќе.

С. Лазаревска

San Andreas може да го погледнете во Cineplexx кино салите во Скопје:

*секој ден: 15:30, 17:45, 20:00, 22:20



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...