Дури и Бонд би се гордеел со неа

Наслов:
Spy

Режија/сценарио: Пол Фиг

Улоги:
Мелис Мекарти, Џејсон Стејтам, Роуз Брн, Џуд Лоу, Миранда Харт...

Времетраење: 120 мин.

Жанр: комедија/акција

Година на издавање:
2015-та




Соработката на Мелиса Мекарти и Пол Фиг трае од Bridesmaids од 2011-та година, а продолжи и оваа година со Spy. Крими-комедијата ја означи нивната трета заедничка соработка, а за 2 години ќе продолжи и на целосно женската верзија за класиката Ghostbusters. Но, за сега да се фокусираме на Spy.



Мелиса во Spy е Сузан Купер. Аналитичар на ЦИА, која „акцијата“ ја гледа преку сателит/камера и во најголемиот дел е стационирана пред компјутер. Но, кога нејзиниот партнер агентот Бредли Фан (Џуд Лоу) ќе биде убиен од Рејна Бојанов (Роуз Брн ) додека е на мисија и остатокот од агентите ќе бидат експонирани, ќе мора да биде испратен „анонимен“ агент да ја заврши мисијата. Сузан доброволно ќе се пријави. Со нов идентитет, таа ќе биде испратена од шефицата Илејн (Алисон Џени) во Париз да испрати извештај за локацијата на нуклеарката која Рејна сака да ја продаде на Серџо де Лука (Боби Кавенил). Сузан не смее да се приближува до ниту еден од нив, но нештата ќе се иксомпликуваат кога ќе пристигне на терен. А искрено во мисијата нема да помогне ниту Рик Форд (Џејсон Стејтам), еден од „најискусните агенти“ во агенцијата, кој само константно ќе и ја отежнува работата.



Колку што Tammy беше разочарување за фановите на Мелиса Мекарти, толку Spy е тестамент за фактот дека на оваа актерка и е потребно само одлично сценарио полно со хумор и таа ќе го заврши остатокот од работата. Мелиса Мекарти во Spy ни ја прикажува можеби најдобрата глума која ја имаме видено од неа со години. Но, цврсто верувам дека тоа не се должи само на неа. Во таквите моменти го сфаќате и значењето на режисерот кој ја води низ ликот, или во случајов низ ликовите. Пол Фиг успеал да направи не само нејзиниот лик да расте и да се развива (дури и со секој нов лажен идентитет), туку и нејзината самодоверба во нејзиното деби како агент на терен. Вистински тестамент за феминистичкиот пристап кој Фиг успешно го фиксира во ликовите од неговите филмови. До самиот крај таа е женска помалку комична верзија на Џејмс Бонд, а не на Остин Поуверс. И токму тоа е убавината на нејзиниот лик. Сузан е интелегентна, лојална и снаодлива, но никогаш не и била дадена шанса да се докаже. Ние преку Spy гледаме како Сузан ја „зграби“ таа шанса и не дозволи да ја упропасти.



Да, ова е еден од помалку ексцентричните ликови во нејзината кариера, но Мелиса успева со својот перфектен комичен тајминг да му даде свој препознатлив печат на ликот, надвор од замислата на Фиг на сценариото. Но, знаеме колку е фантастична Мелиса во комедиите. Тоа што не го знаевме е дека и Џејсон Стејтам може да биде подеднакво урнебесен, доволно за да се снајде во жанрот комедија. Секако помага и што Пол Фиг му дал лик кој најдобро може да се опише како адреналинска и интензивна карикатура на Џејмс Бонд“, но како и Мелиса, тој ја превзема контролата и го вози ликот се до последната сцена. Агентот Форд успева да биде истовремено ефективен на зборови и комично трапав во акција благодарение на Стејтам и Фиг.



Фиг глатко не носи низ генералната премисата, колку и на моменти таа да нема логика. Некако успеваме да прогледаме низ прсти низ дупките во сценариото (особено во делот со нуклеарката), да ги занемариме слабите негативци и необичниот кастинг на актери во истите. Кастингот на Роуз Брн како Рејнa е необичен чекор од Фиг, но по соработката во Bridesmaids и очекуван. Самиот хумор во репликите кои и се дадени на Рајна се бизарни и надреални, но урнебесни до степен ка карикатура на нејзиниот лик, а тој хумор ги имаат сите останати. Ненси (Миранда Харт) е генијална и трапава поддршка на Сузан во Будимпешта. Не смее да се заборави и Питер Серафновиц како Алдо, екстра нападниот и сексуално исфрустриран агент Алдо, но и Џуд Лоу. Како и Стејтам и Лоу не го гледаме често во комедии, но кога ќе го видиме (Dom Hemingway) всушност изненадува колку и Стејтам.



На крајот Spy е сè што сакате од комедија. Особено од комедија со Мелиса Мекарти. И покрај недостатоците кои очигледно не му пречат во генералното мислење за Spy, Пол Фиг приреди пријатно изненадување во овој жанр. Тој не го измисли повторно жанрот шпионска-комедија, туку само му даде нов дух.

С. Лазаревска

 

Spy  ќе можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

 

работни денови: 15:10, 17:30, 19:00, 20:00, 21:15, 22:30 викенд: 12:20, 15:10, 17:30, 19:00, 20:00, 21:15, 22:30

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...