Jurassic World: „Чудовиште“ е релативен термин

Наслов:
Jurassic World

Режија:
Колин Тревероу

Сценарио:
Колин Тревероу, Аманда Силвер, Рик Џафа и Дерек Коноли

Улоги:
Крис Прат, Брајс Далас Хауард, Винснет Донофрио, Ифран Кан, Тај Симпкинс...

Времетраење:
124 мин.

По 14 години од последниот дел од култната франшиза Jurrasic 3, сега во 2015-та година пристигна и 4-то продолжение. Со нов режисер зад камерата и нови актери пред неа, Jurassic World ни го претставува паркот на Исла Нублар во сегашната состојба.

Во сопственост на Сајмон Масрани (Ифран Кан) и е раководен од Клер Деаринг (Брајс Далас Хауард). Паркот сега има нова атракција. Т-Рекс е генетски модифициран хибрид кој InGen тимот го „зготвил“ во лабораторија. Токму затоа Клер, на инсистирање на Масрани, ќе го замоли тренерот на Велиосептори Овен Грејди (Крис Прат) да направи инспекција на скапата инвестиција пред да биде објавена за јавноста. Но, работите ќе тргнат наопаку кога Т-Рексот ќе избега од „кафезот“.



Колин Тревероу во само вториот долгометражен филм во кариерата ни прикажа возбудливо продолжение на франшизата со „речиси детски квалитети“. Jurassic World е совршено прифатливо визуелно дело, кое станува сè помалку совршено ако почнете да го анализирате. Но, да се обидеме. Целиот Jurrasic Wolrd е носен на рамениците на Крис Прат. Актерот докажува дека минатогодишниот хит Guardians Of The Galaxy не беше само случаен доказ за харизмата на Крис. Тој е сега „Индијана Џонс“ со специјалност за тренирање на раптори. И искрено кога зборуваме за мааните, тука е првата маана. Единствената конекција која ја гледаме меѓу ликовите е таа меѓу Овен и рапторите.



Фасцинантно е колку 4-те сценаристи направиле да се грижиме повеќе за диносаурусите отколку за луѓето. Едноставно не ми беше грижа што ќе се случи со ниту еден од ликовите. Не затоа што (не) заслужуваат да преживеат/умрат туку затоа што не ни е прикажана конекцијата на ниту од еден од хомо-сапиенсите со останатите хомо-сапиенси. Брајс Далас Хауард е потпросечна во перформансот, а единствената импресивна работа за нејзиниот лик е што сите трауми Клер ги преживеа со високи потпетици и здолниште на себе.



Споредните ликови како Масрани (Ифран Кан), Бери (Омар Сај) и Вик Хоскинс (Винсент Д’Онофрио) покажуваат знаци на потенцијал, а техничарите Ловери (Џејк Џонсон) и Вивијан (Лорен Пупкус) во контролната соба се одличен извор на хумор во филмот. Штета што нивното време пред камерите е минимално до степен на тривијалност, бидејќи не се искористени доволно и соодветно. Но, покрај тоа што им недостасува длабочина на самите ликови и емоционална конекција, две теми не може да се негира дека не ги начнале сценаристите. Всушност три, ако ја сметаме и апсурдната теорија на Вик Хоскинс дека репторите може да бидат одлично оружје на современата цивилизација. Војник од епрувета со крволочни заби, трениран за борба на воени полиња. Современиот војник на 21-от век.

Сценаристите суптилно ја начнале и етичката страна на технoлошкиот развој на хибрид диносаурусите, која ако сакате можете да ја протолкувате и како прекорување за „темпирањето“ со природата и во реалноста. Но, во тој контекст забележете дека колку технологијата еволуира и се зголемува, толку и човековата потреба за возбудување и восхитување исто така се зголемува. „Wow“ факторот на посетителите на самиот парк се менува и за нас како публика, со тоа што диносаурисите брзо ни стануваат здодевни. Па, затоа бараме поголеми, односно пострашни примероци. Франкенштајнска креација од лабораторија. „Тие се диносауриси. Тоа е доволно за wow факторот“. Но, не. Не ни е доволно, како што ни прикажаа сценаристите. Брзо ни здодеваат.



Но, режисерот Тревероу и кинематографот Џон Шварцман меѓусебно си помогнале на Jurassic World и направиле возбудливо „возење“ за публиката. Тревероу со сигурната режија и одличните специјални ефекти успешно ги камуфлирал недостатоците на филмот до степен да ги игнорирате и да уживате, особено во возбудливиот финиш. Тој создал интелектуално хендикепиран, но визуелно атрактивен филм. Солиден современ летен блокбастер со доза на носталгија од 90-те.

С. Лазаревска

Jurassic World можете да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

 

четврток: 15:00, 17:30, 20:00, 22:30

секој ден (освен четврток): 16:00, 18:30, 20:00, 22:20

викенд: 11:20, 13:40, 16:00, 18:30, 20:00, 22:20

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...