Кога емоциите ќе направат „хаос“ во главата

Наслов:
Inside Out

Режија: Пит Доктер

Сценарио:
Пит Доктер, Мег Лефјув, Џош Кули

Улоги:
Ејми Полер, Бил Хејдер, Луис Блек, Минди Келинг, Кејтлин Дијаз...

Времетраење:
94 мин.

Година на издавање:
2015-та


Како ќе раскажете приказна за тоа што се случува во главата на 11-годишно девојче на иновативен начин? Со дозвола (ние гледачите) да „влеземе“ во главата на тоа девојче и да го видиме светот преку нејзините очи, буквално. Да елаборирам.

Рајли (Кејтлин Дијаз) е 11-годишно девојче од Минесота. Среќна и безгрижна идна хокеарка се до моментот кога таа и нејзините родители ќе се преселат во Сан Франциско. За тие среќни сеќавања од детството во Минесота била задолжена „радоста“ (Ејми Полер) во контролната соба во нејзиниот мозок. Но, кога „тагата“ (Филис Смит) ќе се замеша во основните сеќавањата на Рајли, „радоста“ и „тагата“ ќе се изгубат во делот за долготрајна меморија на Рајли. Назад во контролната соба, останатите емоции: „страв“ (Бил Хејдер), „гадење“ (Минди Керлинг) и „гнев“ (Луис Блек) ќе направат хаос, кој само ќе се пренесе на Рајли. Затоа „ радоста“ и „тагата“ ќе мора да си го најдат патот до контролната соба, но по патот, неочекувана помош ќе добијат од еден заборавен пријател на Рајли.



Inside Out е филм во кој имагинацијата и емоциите го водат дејствието, а не самата сторија. Сепак, прво нешто кое го забележувате во Inside Out е визуелниот концепт за самите емоции. Со човечки лик, човечки карактеристики и брилијантно изградени карактери, самите ликови (радост, тага, гнев...) се пофасцинантни од ликовите кои треба да ни ги проектираат. т.е. луѓето. Најпрво тука е „радоста“. Со гласот од екстра веселата Ејми Полер, таа е „животот“ на овој филм. Да не бидам премногу оптимистична, но мислам дека ова е улогата која таа ја чекаше цел живот. Заборавете на Лесли Кноуп, енергијата која зрачи од ликот на „радоста“ во Inside Out е заразен и неуморен. Но, два лика фасцинираат покрај „радоста“ во Inside Out.



Поларната спротивност. „Тагата“ е подеднакво импресивна во Inside Out, а изненадувачки огромен дел од хуморот во филмот доаѓа и од неа. Меланхолијата на гласот на Филис Смит е брилијантно надополнета со контрастот на хумористичните реплики во нејзиниот лик. - „Мисли позитивно“ ентузијастички и вели „радоста“ пред да влезат во лавиринтот исполнет со џамлии на долготрајната меморија. „ОК, позитивна сум дека ќе се изгубиме“ вели „тагата“. Бинг Бонг (Ричард Кинг) е вториот подарок за нас публиката од сценаристите. Иако по првите неколку секунди од претставувањето на ликот, добивате чувство дека е пред вас потенцијален негативец, или анто-херој, всушнсот тоа е еден од најтрагичните херои во Pixar универзумот.

Inside Out е еден од најхумористичните дела во филмографијата на Pixar, но како и во дел од претходните и тука се начнати темите на осаменоста, желбата за прифаќање од околината, носталгијата, тимската работа, пријателството, но пред се психологијата на детето и односот со родителите. Како детето размислува, реагира и расудува во позитивните и негативните моменти. Но, за мене омилен дел од целиот филм беа еквививалентот на емоциите и кај возрасните. И мајката и таткото на Рајли ги имаат идентичните емоции, но со поинакви проблеми, кои само ги искажуваа на поинаков начин.



Но, да се навратиме во главата на Рајли. Кога „среќата и тагата“ ќе се прошетаат низ нејзината мемрија, всушност ќе ни прикажат и многу повеќе работи кои никогаш не сме ги виделе при претставувањето на детските ликови во анимирани филмови. Како „се создаваат соновите“, како се складират информациите/сеќавањата и како тие се губат со времето, како се формираат мислите на ликовите (а со тоа и на децата) .

Pixar по пауза од маестралниот Up од 2009-та година, повторно ни претстави ново ремек дело во кое ќе уживаат децата  и родителите подеднакво. Бидејќи како што гледаме од Inside Out и двете страни имаат „контролни соби“ водени од малечки човечиња. Понекогаш прават хаос, но знаат да си го најдат патот.

С. Лазаревска



Inside Out Можете да го погледнете во Cineplexx кино салите:

работни денови: 15:45, 16:30, 17:45, 18:30, 19:40

викенд: 11:00, 12:00, 12:50, 13:50, 14:40, 15:45, 16:30, 17:45, 18:30, 19:40



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...