50 „нијанси“ на Тед

Наслов:
Ted2

Режија:
Сет Мекфарланд

Сценарио:
Сет Мекфарланд, Алек Сулкин, Велесли Вајл

Улоги:
Сет Мекфарланд, Марк Волберг, Аманда Сејфилд, Џовани Рибиси, Морган Фримен...

Времетраење: 115 мин.

Година на издавање:
2015

По пауза од 3 години конечно пристигна Ted 2. Продолжението на урнебесната комедија од Сет Мекфарланд, но сега нештата се променети за плишаното мече и другарот од детството.



Џон Бенет (Марк Волберг) е „сингл“ по распадот на врската со Лори (Мила Кунис) и е опседнат со интернет порно. Тед од друга страна, сега е во брак со Тами Лин (Џесика Барт), но двајцата константно се караат и домашната атмосфера е речиси неподнослива. За излез од брачната криза, Тед ќе предложи да направат бебе, но тоа нема да биде лесно поради недостатокот на полов орган кај мечето. Откако ќе отидат кај неколку потенцијални донори на сперма (Том Брејди, Сем Т. Џонс), Џон подоцна самиот ќе се понуди да биде донорот. Но, многу набрзо бебето ќе стане најмал проблем за Тед. Нештата за него ќе се променат откако повторно Дени (Џовани Рибиси) ќе се вмеша во неговиот живот и Тед ќе го прогласат за „имот“ на државата Месачусец. Тој најпрво на суд треба да докаже дека е личност, а во судницата ќе добие помош од младата и неискусна адвокатка Сем Џексон (Аманда Сејфилд). Дали таа ќе биде доволна?



Ted 2 е „метафора“ на Сет Мекфарланд за борбата на САД за легализирање на истополовите бракови, претворена во двочасовна парада на урнебесен хумор. Да, ќе започнеме од таму. Борбата на Тед да биде прогласен за „личност“ а не „имот“ во очите на државата е секое малцинство во САД, а најмногу ЛБГТ заедницата. Нивната борба за еднакви права во очите на државата ја води и самиот Сет веќе години наназад, а сега ја сметна и во сижето на својот филм. Сега со дадената финансиска и креативна слобода, тој дури успеал да ја однесе таа парада на хумор и надвор од границите на дозволеното, но што е всушност „табу“ за Сет? Па како што ни покажа во Ted 2…. Ништо. Расизмот, Чарли Хебдо, Робин Вилијамс... се е тука, а дури и внесол во продолжението најавна  водвил „camp“ шпица само затоа што можел и затоа што како што ни покажа до сега е фан на овој стил.

Всушност има голем дел од сцените кои се комплетно непотребни во Ted 2 и кои ако би биле елиминирани или скратени за барем половина филмот би бил уште поефективен. Сцената во полето со марихуана на пример е непотребно одолговлекување, а исто така и самите сцени во судницата докажуваат дека овој под-жанр (судската драма) е досаден дури и во филм на Сет Мекфарланд.

Хуморот во репликите често знае да „забега“ надвор од темата, но тоа ќе го опростам на Сет и колегите бидејќи е толку добар што дури и најнавредливите моменти тие ги прават урнебесни, а да не споменувам дека му одржа лекција на Даг Елин од Entourage како навистина треба да се направи фантастична камео улога со Том Брејди и Лијам Нисон.



Сет во водењето на сценариото можеби немал тајминг за должината на самите сегменти, па дури и сцените, но затоа пак успеал последните 20-на минути да ги смести на Comic Con конвенцијата во Њујорк. Секако тоа потег од маркетиншка гледна точка, но во исто време и логичен избор на локација по плејадата на референци од поп културата кои се споменувани од Тед и Џон (а кои ликот на Аманда Сејфилд не ги разбира).

И тука фасцинира втората измена од оригиналот. Аманда Сејфилд е многу поквалитетен избор од Мула Кунис, а и самиот лик кој и бил даден на Сејфилд во Ted 2 е порелаксиран и „по-кул“, без разлика што на пример нема појма кој е Голум или не ги разликува ликовите на Star Wars од Star Trek. Морам да му дадам аплауз за Сет што не ја направил и љубовната приказна на Сем и Џон вулгарна, фасцинира како е суптилно водена и вметната во премисата на „ранливата емоционална состојба“ на Џон Бенет.



Ted 2 е одлично продолжение на хитот на Сет Мекфарланд од 2012-та година. Хуморот е двојно по „ризичен“ и поприсутен од првиот дел, но во генералната премиса и егзикуција, Ted 2 е постабилен и всушност „искупување“ за минатогодошниот A Million Ways to Die in the West.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...