И после 30 години Шварци сеуште е фраерчина!

Поминаа точно 30 години откога Терминатор се појави за прв пат во кино. Гордо ви го претставуваме новиот, петти дел, од оваа научна фантастична приказна.

„Терминатор: Генесис“ е досега најдобро продуциран филм со спектакуларна приказна за светот во иднината, со апокалиптични сцени на борба помеѓу луѓе и киборзи со харизматични млади глумци, и секако, легендарниот Арнолд Шварценегер и Т-1000.

Продуцентите на филмот, Дејна Голберг и Дејвид Елисон изјавуваат: „Кога објавија дека правата за Терминатор ќе бидат достапни, бевме навистина заинтересирани – како и многумина во индустријата, бидејќи ова е неверојатна франшиза. Идејата да го обновиме Терминатор за публиката која го сака оригиналот и за сета нова публика беше можност која не сакавме да ја пропуштиме.“

Сценаристите на Терминатор, меѓу кои и Лаета Калогридис не биле воодушевени од идејата филмот да припадне во други раце. Калогридис додава: „Дејвид и Дејна ни пристапија во 2012 година, но нашиот прв одговор беше ‘не’, како и вториот и третиот. Рековме не поради почитта кон светот на Џејмс Камерон. Со него работев многу години. Тој е моја инспирација, лично и кинематографски и не сакав на ниту еден начин да направам нешто кое не би го почитувало тоа што тој го создаде. Тој ги создаде едни од најдобрите научно-фантастични филмови и е инспирација не само за мене, туку и за останатите во индустријата – тој е еден од најдобрите режисери.“

Но продуцентите беа навистина убедливи, па Калогридис разговарајќи со Камерон не само што им дале дозвола туку и благослов да го започнат проектот. Во припремната фаза Калогридис им советувала: „Потрудете се да обезбедите добра улога и одлични реплики за Арнолд!“

Елисон вели: „Знаевме дека мораме да најдеме режисер на кој му беа важни карактерите и љубовта на ова семејство. Да, има многу акција во Терминатор филмовите и дефинитивно планираме да го одржиме тоа ветување. Сите се молиме на олтарот на „Игра на троновите“ и мислевме дека „Тор: Мрачниот свет“ беше феномен. Но, кога дојде Алан веднаш почна да зборува како ќе изгледаат терминаторите, колку од нив ќе имаме, колку ќе бидат различни, како ќе изгледа борбата и како ќе фунционира љубовната приказна и взаемните односи. Тоа го кажа на нашиот прв состанок, и веднаш помисливме ‘Во ред, ова е вистинскиот човек’.“

„Многу е интересно“, раскажува режисерот Тејлор. „Ја оставаме публиката да мисли дека знаеме што очекуваат и одеднаш ‘ух!’, се обидуваме да го свртиме дејствието. Тоа е нешто што е длабоко врежано во ДНК на филмовите Терминатор: првиот филм на Камерон го користи карактерот на Арнолд на еден начин и комплетно го менува за секунда кога никој тоа не го очекува. Можеш да влезеш во нова територија со карактерите за кои веќе имаш одредено чувство, но тие потоа те водат некаде каде и не очекуваш.“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...