Стриптизети или „исцелители“?

Наслов:
Magic Mike XXL

Режија:
Грегори Џејкобс

Сценарио:
Рид Керолин и Џијана Дамијан

Улоги:
Ченинг Тејтум. Мет Бомер, Џо Манџијанело, Кевин Неш, Џејда Пинкет Смит и Амбер Херд....

Времетраење: 115 мин.

Година на издавање:
2015-та година

Кариерата на Стивен Сoдерберг е една од најеклектичните во Холивуд. Фасцинантен талент кој изненадува со секој нареден проект, секој поразличен од претходниот. Оскаровецот во 2012-та година пријатно не изненади со Magic Mike, а сега во 2015-та пристигна и продолжението насловено XXL.

Содерберг овој пат не е режисер на XXL. Таа доверба му ја даде на Грегори Џејкобс, неговиот асистентот уште од 1989-та година, но тоа не значи дека целосно се откажа од проектот. Содерберг е инволвиран и во продолжението, како кинематограф и монтажер.



Причината поради која го почнав текстот со Содерберг, е всушност разликата во квалитетот која може од Вселената да се воочи меѓу него и неговиот асистент од гледањето на двата филма. За разлика од оскаровецот кој пред 3 години ни прикажа стилски концизен и издржан филм, неговиот асистент ни прикажува визуелен хаос, а недостатокот од талент на Џејкобс најдобро може да го забележите во сцените од кои зависи успехот на самиот филм. Танцовите стриптиз точки. Да, кореографијата е одлична, а и актерите го даваат максимумот во нив, но дури ниту монтажата од Содерберг не успеале да го спасат техничкиот дел. Што е навистина штета бидејќи не може премногу продолжението да се пофали и во останатите области.



Мајк Лејн (Ченинг Тејтум) три години откако се пензионира од стриптиз бизнисот, сега го има сопствениот бизнис со мебел за кој сонуваше. Но, соништата се едно, а реалноста комплетно друго, па разочаран од кариерата и љубовниот живот ќе се придружи на „Кралевите од Тампа“ и на нивната мисија да дојдат на конвенцијата за стриптизети во Мертл Бич. По пат ќе побараат услуга од Роум (Џејда Пинкет Смит), „мадамот“ од Џорџија да биде нивниот MC, но патот до таму ќе биде поголемата авантура за Мајк, Кен (Бомер), Ричи (Манџијанело), Тарзан (Неш), и Тито (Родригез).



Во XXL фокусот е на ликовите и нивната (едвај присутна) конекција низ патувањето, отколку на самиот развој на сторијата. Ченинг го искористил благодетот од работата со режисер како Бенет Милер на минатогодишниот Foxcatcher, и евидентна е разликата во перформансот од пред 3 години. Не во танцот, бидејќи знаеме дека е одличен во него, туку во перформансот кога од него всушност се бара да глуми. Или подобро да се изразам во сцените во кои не се очекува многу од него. Како на пример сцената со Зои (Амбер Херд) во кујната. Но, добро е што сега со отсуството на Метју Меконахи, им е дадено на дел останатите ликови (и актери) да добијат свое „место под сонцето. Хуморот е фокусиран на ликот на Ричи, Кен (Бомер) исто така добил повеќе присуство, но изненадувањето е во присуството на Андре (Доналд Гловер). Тој заедно со Бомер добиле можност да ги покажат и гласовните таленти, што е за поздравување.



Но, покрај самата дестинација, XXL нема никаква друга цел. Често од ликовите слушаме реплики за бизнисите, желбите и кариерите кои тие ги планираат, но сценаристите не се ни труделе да ги развијат ниту ликовите. На почетокот ја гледаме и тензијата меѓу Кен и Мајк, но таа е набрзо заборавена. Женските ликови (освен Роум) во најголемиот дел се толку минорни и спорадични, што од време на време се појавуваат во сцените доволно да не заборавите дека XXL нема целосно машки кастинг. Како пример ќе ги земам Зои (Амбер Херд) и Ненси (Енди Мекдауел).

Првата дама не само што нема хемија со Тејтум, таа не е ниту доволно инволвирана да биде негов потенцијален љубовен интерес (девојка или нешто повеќе), а Мекдауел колку и да е одлична, 10-минутното присуство е премалку за актерка од нејзиниот калибар. Да не заборавиме и дека актерката се прослави со Sex, Lies, and Videotape на самиот Содерберг.

Климаксот на XXL од друга страна е повеќе стриптиз верзија на мјузикл. Сцена, публика, рефлектори и изведувачи во танги. Спектакуларна во грандиозноста на самата арена, забавна за публика која ја проследи, поделена на изведувачи теми и танц сегменти, но еднострана како и самиот пат кој ги однесе тие изведувачи.

С. Лазаревска

Magic Mike XXL може да го погледнете во Cineplexx кино салите:

четврток: 17:20, 19:30, 20:00, 21:45, 22:30
петок, пон-сре: 17:20, 19:30, 21:45, 23:00
викенд: 17:10, 19:30, 21:45, 23:00



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...