Херојот во „мало пакување“

Наслов:
Ant Man

Режија:
Пејтон Рид

Сценарио:
Едгар Рајт, Џо Корниш, Адам Мекеј, Пол Руд

Улоги:
Пол Руд, Мајкл Даглас, Еванџелин Лили, Кори Строл, Мајкл Пења...

Времетраење: 117 мин.

Година на издавање:
2015

По Avengers: Age Of Ultron, Ant Man е вториот филм од Марвел-овиот универзум кој оваа година пристигна во кино салите. Fantastic Four следниот месец ќе стане третиот, но за сега да се осврнеме на минијатурниот супер-херој. Човекот-мравка.



Хенк Пим (Мајкл Даглас) уште кон крајот на 80-те се дистанцирал од SHIELD откако открил дека агенцијата сака да го ископира неговиот изум- Ant Man костимот. Но, по декади поминати во само прогласен азил и чување на сопствената технологија да не дојде во погрешни раце, за жал тоа е неминовно да се случи. Особено кога неговиот штитеник Дарен Крос (Кори Строл) заедно со ќерката Хоуп Пим (Еванџелин Лили) го избркале од компанијата. Но, сега Крос е многу близу до создавањето на свој костим за смалување (Yellowjacket) и сака да го продаде на HYDRA за од него да создаде „војникот од иднината“. Хенк ќе се обиде да го спречи злобниот план на своето протеже, а во сопствениот изум ќе го стави Скот Ленг (Пол Руд). Криминалец штотуку излезен од затвор кој се обидува да живее нормален живот и да се поврзе со сопствената ќерка Кеси.



Captain America Winter Soldier мислам дека ја крена гредата за тоа што еден филм на Марвел треба да биде. Или што не треба да биде ако мене ме прашате. Само super-hero филм. Како што Winter Soldier (за кој сметам дека е еден од најдобрите на Marvel) не беше само super-hero филм, туку и политички трилер во с’ржта, така и Ant Man е многу повеќе. Всушност тој е heist филм во својата с’рж (поджанр на крими филм со акцент на кражби). Навистина солидно режиран, монтиран и „исполиран“ heist филм со одлични специјални ефекти, особено во сцените со смалувањето на волуменот на Ant Man и „дружењето“ на Скот со мравките.



Аnt Man не е најдобро егзекутираниот главен лик кој произлегол од машинеријата на Marvel, но како и самиот стрип херој тој е „мал“, но шармантен. Сагата која ја претрпе филмот по заминувањето на Едгар Рајт од режисерското столче e видлива, но видливи се од километар и неговите траги во сценариото. Ако ви е познат стилот на Рајт веднаш ќе ги препознаете, брзите кадри, кратките сцени со нарација при раскажувањето на Луис (Мајкл Пења). Да тие се фантастични. И претпоставувам бидејќи самиот херој е релативно непознат за генералната јавност, Marvel ја искористил добро познатата тактика и се осврнал на хуморот како алатка за придобивање на публиката. Хуморот не е присутен само во ликот на Скот Ленг, туку изненадувачки и во Луис (Мајкл Пења), „цимерот“ од затвор кој ја краде секоја сцена во која се појавува. Хуморот е дел и од минорните ликови како Дејв (Ти Ај Харис) Курт (Мајкл Дастмалкијан), но и од главните ликови како Хенк (Даглас) и Хоуп Пајм (Лили). Тој е речиси секаде.

Ant Man се носи на рамената на Пол Руд. И можеби тој не е првиот пример кој доаѓа на ум кога ќе се спомене актер за супер-херој на Marvel, но откако ќе го погледнете, не може а да не си помислите „Ах, да има смисла“!. Не е неговиот талент, туку харизмата, шармот и природната дарба за хумор на актерот исполирана по годините поминати глумејќи во комедии. Убаво е прикажана и врската на Скот со ќерката Кеси која поради честото отсуство (кога е зад решетки) не е променета и таа не го „искривила“ мислењето за татко си и покрај неговото криминално минато. Секако тоа се должи и на фактот што мајка и (Џуди Грир) го задржала позитивното мислење за Скот дури и по разводот и и' го пренела на ќерката, а толку лесно можеше да биде прикажано обратното сценарио. Врската татко-ќерка е начната и во ликовите на Хенк и Хоуп, па слободно може да се констатира дека тоа е под-темата на Ant Man.



И како и кај секој херој анти-тежата е негативецот. Ant Man за жал не може да се пофали со особено забележителен негативец. Кори Строл во улогата на Дарек Крос/Yellowjacket го дал својот максимум со оглед на неизмерниот талент кој го поседува, но еднодимензионалниот лик не му оставил премногу за работа. Измачениот гениј ученик кој го надминал учителот е соодветен почеток за ликот, но подоцна тој не оди никаде во креативноста за да ни покаже дека е многу повеќе од алчен визионер, обземен со моќ, пари и комплекс на грандиозност.

За крај, Ant Man е „сигурниот“ проект на Marvel кој не не носи на „нови пространства“. Тој ни ги смалува. Хуморот доаѓа од Пол Руд. Стамината од Мајкл Даглас, феминизмот од Еванџелин Лили, но иако не е многу нешта, најновото дело на Marvel е доказ дека понекогаш и „малите“ супер херои може да бидат „големи“.

С. Лазаревска

 

Ant Man може да го погледнете во Cineplexx кино-салите:

 

работни денови: 15:20, 17:40, 20:00, 22:15

викенд: 12:40, 14:20, 15:20, 17:40, 20:00, 22:15

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...