Од „бела кралица“ до опасна агентка

Ребека Фергусон е релативно непознато име во Холивуд, но тоа ќе се промени по неделава што пристигнува. Зошто? Затоа што таа ќе го дели филмското платно со Том Круз во најновиот 5-ти дел на акционата франшиза Mission Impossible- Rogue Nation.



Изминатата недела на пред проекцијата во Лос Анџелес, филмските критичари, новинари, блогери кои го погледнаа филмот ја издвоија глумата на Ребека како една од најдобрите во досегашната франшиза.



Но, филмот со Том Круз (чија премиера се очекува нареднава недела) ќе ја претстави шведската актерка во кино-салите, а на малите екрани фановите ја паметат по улогата во серијата The White Queen.



Ребека во серијата на BBC ја толкува Ребека Вудвил сопруга на кралот Едвард IV-ти на Англија, а веќе заработи номинација за Злтен глобус.



Но, додека го очекуваме Mission Impossible-Rogue Nation, да се обидеме да ја претставиме Ребека Фергусон.

Своето филмско деби го имаше во филмот на Микаел Холфстром Strandvaskaren во 2004-та година

Во 2013-та година глумеше покрај Густаф Скарсгард во драмата Vi

А истата година ја престави критички фалената серија The White Queen за која доби номинација за Златен глобус

Беше дел од „историскиот“ епски филм Hercules покрај Двејн Џонсон



А оваа година покај Mission Impossible-Rogue Nation, ќе ја видиме и во две одлични драми

 
Despite the Falling Snow, воената драма на режисерката Шамим Шариф

И биографскиот филм Florence Foster Jenkins во кој ќе глуми покрај Мерил Стрип и Хју Грант.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...