По Pixels утката: Каде греши Адам Сендлер?

Адам Сендлер изминатиот викенд ја имаше најновата бокс офис утка.

Неговиот најнов проект Pixels во С. Америка заработи само 24 милиони од 88-те кои беа потрошени на продукцијата (плус 20 милиони на маркетинг), а доби и екстремно лоши критики од филмските критичари.

Pixels е само последен во серијата на филмскип проекти во кариерата на Адам Сендлер со критички и финансиски неуспех, The Cobbler, Blended, Jack and Jill се само дел од утките на Сендлер, но каде лежи проблемот?

Variety се обиде да го објасни проблемот на Сендлер во 5 различни точки.

1. Тој старее но не и неговиот материјал

Адам Сендлер е моментално на возраст од 48 години, но уште игра незрели личности во неговите филмови како што го правеше тоа пред 20 години. Со исклучок на Funny People и Punch Drunk Love, најголемито дел од филмовите на Седлер содржат ликови кои се „големи деца“ и покрај тоа што насловите на филмовите го наговестуваат спротивното: Grown Ups.

2. Не е повеќе иноватор и не работи на прикажување на нешто ново во хуморот

Според дел од американските медиуми, најголемиот дел од  публика која доаѓа да ги гледа неговите филмови е на возраст под 25 години. Според Variety таа беше повеќе разновидна во 90-те кога дури и постарата публика го сметаше за одличен комичар.

3. Му се потребни нови пријатели

Just Go With It и покрај тоа што беше голем неуспех, тој во актерската екипа ги имаше актерите како Џенифер Анистон и Никол Кидман, но веќе подолго време неговиот круг на колеги и пријатели со кои го дели филмското платно е речиси идентичен во секој нареден филм.

4. Не ги сака новинарите и филмските критичари, а се повеќе и ги избегнува

Очекувано по серијата на лоши критики и падови во негоата кариера тој го одбра полесниот начин да се справи со лошиот публицитет. Да го игнорира. Тој не ги промовира неговите филмови со интервјуа за магазините бидејќи смета дека на неговите филмови не му се потребни тие интервјуа. Повремено тој има свое појавување во ток шоуата на популарните водители како Џими Фалон, но таму тој претежно зборува за повеќе нешта од неговиот живот, а не филмовите кои имаат премиера.

5. Не се труди повеќе

Порано знаеше да излезе од „комфорната зона“ на неговата кариера со проекти како Punch-Drunk Love на Пол Томас Андерсон, Spanglish на Џејмс Л Брукс, Reign Over Me на Мајк Бајндер и Funny People на Џуд Апатоу, но сега неговиот избор на филмови е „мрзелив“ и веќе познат на публиката која доаѓа да ги погледне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...