Trainwreck: Моногамијата не е реална?


Наслов: Trainwreck

Режија:
Џуд Апатоу

Сценарио:
Ејми Шумер

Улоги:
Ејми Шумер, Бил Хејдер, Колин Квин, Тилда Свинтон, Леброн Џејмс...

Времетраење: 124 мин.

Година на издавање:
2015-та



Пред само неколку дена случајно отворив тривилјална вест за Тејлор Свифт. Не сум голем фан на пејачката, но поради екстремна досада (и признавам љубопитност), кликнав за да дознаам што таа носи во чантата. Да бидам кратка, одговорот на тоа е честитки за роденден. „Во случај да налета на некој пријател или фан ако му е роденден и да му подари честитка“.

Не е тоа кое ме изненади. Првиот коментар под веста беше „ А јас помислив дека во чантата носи „morning after pill“ со оглед на сите мажи кои ги има поминато“. Wooow. Дури ниту Тејлор Свифт не е имуна на „slut shaming“ си помислив.



Но, што да се каже за лик во филм  кој уште во воведната сцена е воспитуван од татко си со зборовите „Моногамијата не е реална“? Тоа е Ејми (Ејми Шумер), сега во 2015-та година новинарка во S'nuff, хипстерско списание за мажи. Нејзината уредничка Дајана (Тилда Свинтон) ќе и ја додели сторијата (всушност украде од колегата) за Арон Конерс (Бил Хејдер) надежниот хирург и специјалист за спортска медицина. Таа треба да го интервјуира, но самата Ејми верна на нејзиниот животен стил ќе го измеша бизнисот и задоволството.



Има по малку од тоа и во Trainwreck. Мислам на Slut shaming.- Држи ја Ејми подалеку од професионалните спортисти! Еј Ејми каде одиш? Ова не е Planed Parenthood! Но, морам да признаам дека во најголемиот дел Trainwreck не е злобен во с’ржта. Не е ниту осудувачки настроен, а ниту планира да се извинува до публиката за тоа што е.  Тоа е благодарение на сценаристката Ејми Шумер, која создаде против-отров на сите досегашни „rom com“ филмови кои сте ги погледнале. Trainwreck е искрен. За речиси сè и во гоолеми дози. Од стилот на хумор кој е дури брутален, до самото претставување (а подоцна и оформување) на ликовите. На сите ликови. Но, ќе започнеме од главните двајца.



Фасцинира колку се поинакви нештата во Trainwreck. Колку се променети улогите кои ги налагаат половите. Ејми уште во првите 5 минути ни кажува дека го обожава својот живот, а во воведот гледаме и од каде потекнува мислењето дека тој стил на живот е најдобриот избор кој таа ќе го направи. Од моментот кога татко и Гордон (Колин Квин) ќе соопшти дека се разведува од мајка и со зборовите „Моногамијата не е реална“. И тоа е во ред. Од другата страга го имаме Арон Конорс (Бил Хејдер). Талентиран хирург кој ги руши сите веќе подготвени предрасуди во вашата глава со карактерот. Всушност тој не е арогантен сноб каков што најчесто би ни бил прикажан докторот во филм од овој жанр (повторно предрасуди нели). Да тој е успешен, да тој е богат, но во исто време е комбинација на шармантен и чуден прекрасен принц. Тој е истовремено и „рането суштество“ кое се обидува да заздрави од повредите.

Арон е и толерантен човек со необични методи на работа. Uptown Girl на пример трешти во неговата операциона сала. И да бил Леонардо ди Каприо во оваа улога можеби предрасудата која ја имаме би била соодветна, но бидејќи Бил Хејдер е актерот во ликот, всушност има смисла и го обожавате поради тоа. Тој е еден од најталентираните комичари, кој очигледно знае да се носи со романтична водечка улога, како што минатата година импресионираше во Sceleton Twins со драмска.



Тилда Свинтон е речиси непрепознатлива, но урнебесна како Дајан, уредничката на Ејми во магазинот во кој работи. Колин Квин како Гордон, таткото на Ејми кој боледува од МС исто така е генијален, а да не го споменувам Леброн Џејмс. НБА ѕвездата си се портретира самиот себе си, но е апсолутно брилијантен и неговиот комичен тајминг може да биде сериозна закана за многу други професионални комичари, ако се пензионира од кошарката.



Но, сметам дека Шумер во сценариото не ни прикажа осудување на жената или на личноста. Мислам дека таа ни ја прикажа реалноста за врските во денешницата. Не толку од социјалниот аспект, туку од емотивниот. Нашата генерација е главно составена од технолошко едуцирани, социјално зависни и емоционално унакажани суштества. Толку се плашиме од спуштање на гардот и интимноста што дури сме и емоционално ретардирани кога ќе дојде време за тоа. Само погледнете ја сцената по првиот сексуален однос меѓу Арон и Ејми и целиот филмот ќе стане кристално јасен. Но, колку и да има маани, колку и да е предолг, и колку да е втората половина на Trainwreck полна со непотребни сцени, всушност ова е можеби еден од најдобрите филмови на годината.


С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...