Не-толку фантастичните четворица

Наслов:
Fantastic Four

Режија:
Џош Тенк

Сценарио: Џереми Слејтер, Сајмон Кинберг, Џош Тенк

Улоги:
Мајлс Телер, Кејт Мара, Мајкл Б.Џордан, Џејми Бел, Тоби Кибел...

Времетраење: 100 мин.

Година на издавање:
2015


По пауза од точно една декада од Fantastic Four, во кино салите пристигна и долго очекуваниот римејк. Сега со нов кастинг, нов режисер и нова визија за „фантастичните четворица“ супер- херои на Марвел.

Сега Рид Ричардс (Мајлс Телер) и Бен Грим (Џејми Бел) се пријатели од детство, а Рид уште од основно школо работи на прототип телепортер. Научниот експеримент ќе го привлече вниманието на Френклин Сторм (Риг Е. Кети), па тој ќе го регрутира младиот научник за да го развие и со него да ја создаде „Квантната порта“ до паралелната димензија на „планетата Нулта“. Сепак, нивниот изум ќе има тешки последици кога Рид, Бен, Џони (Мајкл Б. Џордан) и Виктор вон Дум- екс штитеникот на Френклин, (портретиран од Тоби Кибел) ќе отидат на „планетата Нулта“. Проблемите за нив ќе настанат кога ќе се обидат да се вратат од таму.



Fantastic Four е потемна, поспора и не многу креативна верзија на самиот стрип. Всушност кога го гледате имате чувство дека гледате „сапунска серија“ од 200 епизоди компресирана во 100 минути. Дури 80-на минути од филмот се потрошени на тривијални, брутално „празни“ дијалози меѓу ликовите кои не ни откриваат речиси ништо за сторијата, а уште помалку ни ја прикажуваат конекцијата меѓу самите нив. И во последните 15-на уште потривијални минути е „крешендото“.

Ако подразмислам конекцијата меѓу дел од ликовите почнува на чудна нота, но со потенцијал. Во продолжението всушност филмот „запаѓа во невоља“. Рид и Виктор во оваа верзија дури сега за прв пат се запознаваат на пример. Тоа е нова визија на сценаристите и е во ред до некаде, но, забележете како е третиран еден од најважните ликови во екипата.

По 15-на минути Рид и Бен се разделуваат и во остатокот Бен е минорен дел од „фантастичната четворка“. Еден од „фантастичните“ е толку тривијален во овој филм што е болно да се гледа. Романтичната тензија помеѓу Рид и Су е ужасно претставена и покрај тоа што видно биле направени напори од сценаристите. Нивното зближување да биде на интелектуална база, но тие не го дале посакуваниот резултат.

Ништо подобар ниту односот на Су со нејзиниот брат Џони, а дали забележавте дека таа речиси се до последните 10-на минути не прозборува со Бен? Нејзиниот лик едноставно нема дијалог со еден од најважните ликови во оваа франшиза се до самиот финиш. Кога сме кај Бен, толку можеле повеќе сценаристите да ни прикажат хуморот во неговиот лик пред трансформацијата и депресија со , гневот и обидот да се прилагоди со новиот изглед (на The Thing) по трансфорацијата. За жал не гледаме многу од тоа. И така доаѓаме до Виктор вон Дум (Тоби Кибел).



Како и остатокот од актерите, и Тоби екстремно талентиран млад надежен актер, кој за жал добил улога со малку потенцијал и уште помалку материјал за работа. Како и остатокот од ликовите, и тој е криминално потценет од сценаристите, но заедно со Мајкл Б. Џордан се „светлата“ точка во поглед на перформансите. Сепак, моќите на Доктор Дум се хаотични, а неговата агенда недефинирана. Едноставно не е доволно посветено на креирање не само на главниот непријател на „фантастичната четвртока“ туку и на остатокот на планетава, што е навистина штета. И кога самиот филм ќе го доживее климаксот, ние сме оставени со чувство на разочарување, бидејќи крајот е толку избрзан и некреативен во самата премиса, што по гледањето, Fantastic Four од 2005-та година ни изгледа како ремек-дело.



За следбеникот Marvel треба да одбере и поискусен режисер кој ќе знае да ја донесе хемијата од актерите (која тука е непостоечка) но и ќе знае да ја води сторијата (од се надевам поквалитетното сценарио) за таа да биде возбудлива, интригантна и провокативна од почетокот до крајот. Што сега не е.

Дали е Fantastic Four најлошиот филм на Марвел за оваа година? Да. Дали е најлошиот филм на Марвел воопшто? Да. Дали има шанси за подобрување? Секако. Марвел би можел да почне од било која маана и нема да згреши, бидејќи секое подобрување би било чекор повеќе за фановите на оваа франшиза.

С. Лазаревска



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Седат Буш и Пауел во кафич и прават муабет. Влегува човек во кафичот, ги гледа двајцава и не му се верува дека се таму. И приоѓа на маса и ги прашува:
- Абе, вие Буш и Пауел...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1533.- Роден е холандскиот државник Вилхелм I...
1731.- Умре англискиот писател Даниел Дефо, кој...
1815.- Роден е англискиот писател Ентони Тролоп...
1854.- Врховниот суд на САД донесе пресуда дека...