Зошто треба да ја гледате серијата Mr. Robot?

Серијата Mr Robot e на само една епизода од своето финале. Психолошкиот трилер од серија која моментално се емитува на USA Network беше обновена за втора сезона, уште пред да биде емитувана пилот епизодата, но тоа се исплатеше. Моментално оваа серија е една од најдобрите кои се емитуваат во ТВ етерот во САД.



Mr. Robot моментално има 97% позитивни критики на Rotten Tomatoes и ужива во одлични рејтинзи и прифатеност од фановите кои веќе изградија фан база посветена на самата серија.



Во главната улога е младиот и екстра талентиран актер со египетско потекло Рами Малек, кој го портретира Елиот Алдерсон. IT техничар специјализиран за сајбер безбедност кој работи преку ден во фирмата Allsafe Cybersecurity, а преку ноќ е опасен хакер кој ги открива и исправа неправдите во светот.



Покрај Рами, во останатите улоги се и одличниот Кристијан Слејтер како насловниот лик „Mr Robot“, Карли Чајкин, Порша Доблдеји и Мартин Валстром. Серијата е креирана од Сем Есмаил, а самиот Есмаил го напиша сценариото на првите 3 епизоди од Mr. Robot.

Па затоа на само една епизода од финалето на 1-та сезона, зошто треба да и дадете шанса и да ја погледнете оваа одлична серија?

Ова се само дел од причините.

1. Серијата не се штеди на знаењето поврзано со компјутерската безбедност, хакерите и работата на истите.

 

Креаторот на Mr. Robot е голем „nerd“ и фан на темата сајбер безбедност, а особено со последиците на општеството од неа, па сака таа страст да им ја прикаже и на гледачите. Изворно и без „разводенување“ на јазикот, термините и процесите. Ако не ги разбирате, како многу голем дел од фановите кои ја гледаат серијата - ШТЕТА. Потрудете се повеќе.

2. Глумата на актерите е маестрална.

Тоа особено важи за ветеранот во овој бизнис, Кристијан Слејтер, во насловната улога на Mr. Robot, но пред се на актерот во главната улога, Рами Малек. 34-годишниот актер, роден и израснат во Лос Анџелес, до сега беше дел од споредни улоги во повеќе одлични проекти, како The Master на Пол Томас Андерсон, римејкот на Oldboy режиран од Спајк Ли, и Ain't Them Bodies Saints во кој глумеше покрај Руни Мара и Кејси Афлек. Станува збор за екстра талентиран актер кој сега заслужено ги добива пофалбите од критичарите и публиката за неговиот талент, а особено за неговиот перформанс во Mr.Robot.

3. Во секоја епизода има „unreliable narrator“

Самиот Елиот лик е дводимензионален. Тој и неговите мисли ни се прикажани преку репликите кои ги изговара во дијалозите, но во голем дел го запознаваме и преку нарацијата. А, особено од употребата на unreliable narrator. Преку нарацијата на Елиот не само што добиваме поголемо дообјаснување за самиот лик, ние добиваме информации и за останатите ликови и дејствието, секако видени низ очите на самиот Елиот.

4. Главниот лик е анти-херој кој ќе го обожувате уште од првата сцена.



Елиот Алдерсон е добриот. Тој е херојот кој се обидува да го промени општеството, но на нелегален начин. Неговите намери се чесни, но неговите постапки не се. Моралниот конфликт во неговиот лик е еден од најтензичните и прекрасно изградните, како оној на Волтер Вајт во Breaking Bad, и едноставно ќе посакате да го прегрнете Елиот по завршувањето на секоја епизода.

5. Реално ни е прикажан лик со социјална фобија.



Елиот страда од „Social anxiety disorder“. Пореметување кое го направило социјален одметник и „осамена душа“. Тој посетува психијатар, но самиот се лечи со точно утврдени дози на морфирум. Не е лесно да се зборува со него, а и неговиот ум работи на поинаков начин. Сепак, во еден период ќе видиме и реално прикажување на зависност од морфиум и вистинските последици кои таа ги носи со себе, нешто што многу ретко го гледаме во филмовите и сериите особено од Холивуд. 

6. Реално ни е прикажана состојбата на капитализмот денес во САД.

За тоа погледнете ги ликовите на психопатот Тирел Велик од едната и Mr. Robot од другата страна. Едниот е капиталистички војник и корпоративен пион, додека другиот е анархистичкиот Робин Худ. Двајцата го претставуваат најлошото и најдоброто од капитализмот моментално во САД и секој „води војна“ да успее во своите намери.

7. Музиката е фантастична и камерата е статична (во најголемиот дел).

Во секоја епизода тензијата е само надополнета или зголемена со фантастичната музика од Mac Quayle, а режисерите кои започнуваат со Нилс Арден Оплев во првата епизода, до Рандолф Леон во 8-та, користат steady cam. И рачната камера е користена, но дозирано и стилски за речиси и да не се забележи. Како на пример, на крајот на 6-та епизода кога Елиот ќе го отвори багажникот или во последната сцена од 8-та епизода. Таму на кратко гледате рачна камера, но тоа го бара самата сцена бидејќи во неа има breaking the 4-th wall, во која ликот гледа во камерата и и’ се обраќа на публиката.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...