Снимањето заврши - забавата започна

Продукцијата на Captain America: Civil War конечно заврши. По месеци поминати на повеќе локации низ Атланта, Порто Рико, Германија и Исланд, конечно во Лајпциг, Германија заврши снимањето на најновиот филм од Marvel.



Па затоа по повод последниот ден на снимање, дел од екипата предводена од самиот Капетан Америка (Крис Еванс) со мала коктел забава го прослави овој момент. На самиот коктел екипата на Civil War се забавуваше доцна во ноќ, а подоцна ги споделија и фотографиите од самата забава.

Civil War ќе ги следи настаните на Капетанот Америка и неговиот тим по тие од Avengers Age Of Ultron, а покрај стандардната актерска екипа од претходните 2 дела на Captain America, во третиот дел ќе видиме и дел ликовите од The Avengers, но и „додатоците/новајлии“ како Даниел Брул, Чедвик Боусман, Том Холанд како Питер Паркер.



Повторно зад камерата застанаа бражата Џо и Ентони Русо, а премиерата на Captain America: Civil War е закажана за 6-ми мај следната година.

Првиот тизер за Captain America: Civil War се очекува да биде објавен за фановите следниот месец, но додека го очекуваме погледнете како изгледаше забавата на Капетанот и неговата свита во Лајпциг.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...